151 прегледи 1 comment

Twitter: Најдобрата бизнис идеа!?

 
Билборд против Facebook рeклама = 0:4
 
 
Што значи да си "прв на google"?!
 
 

Сакам да почнам со една цела секција на овој блог, на тема креативност и создавање нови идеи за бизнис и маркетинг на Интернет.

Наместо вовед, сакам само да си ја испразнам душичката со моето сфаќање на степенот на  моментален развој на денешниот Интернет бизнис.

Како љубопитен набљудувач и тешка забеготина по бизнис процеси и идеи, дојдов до изненадување за што не можев ни самата да си поверувам.
Кога се потсетив што се читав во изминатава година за бизнис идеи и нивен развој, кои се најдобрите бизнис брендови во моментов и тн. сфатив дека буквално СКРОЗ е променет бизнис mindset-ot. Дефинитивно, на луѓево им е смачено од “Како да се биде 1-минутен менаџер или пак “10 чекори до милионски бизнис”, што сигурно ќе се согласите дека беа топ “opinion” лидери па едно добри 15 години.

Но нели некако наеднаш ги снема!!! Во истата оваа насока, ги снема и објaвите за неверојатни бизниси за производство на high tech space shuttle производи, што дефинитивно доминираа и беа наметнати од Германците :)

И така можам да си заклучам дека се што можам да прочитам во последно време е за:

Twitter ова, … twitter она … twittercholic, twitterism .. twittovi, twitteri ….

twitter во Time магазинот

Десно можете да ја видитe насловната на едно издание на Time со твитот на Steven Johnson (мојот најзгоден гуру :) ))

Цитирам:

” I’ve written this weeks TIME cover story about how Twitter is changing the way we live – and showing us the future of innovation. Buy a copy. ”

Што се случи, по ѓаволите? Дали е променет целиот систем на креирање и реализација бизнис идеи. Дали можеби веќе нема да се прават доооолгии бизнис и маркетинг планови. ..

И така морав да си седнам и да си направам проста школска анализа на стратегијата и бизнис идејата на Twitter.

Нели, во школо не учеа дека секоја идеа за производ или услуга треба да се развива со постојано размислување на пазарот и корисниците за кои е наменет-а. Епа тогаш како Twitter ги “напаѓа” СИТЕ, .. и е прифатен од СИТЕ, … и им ги задоволува потребите, барањата на СИТЕ. (Е сега се наежив)

Значи овие чичковци целосно ги игнорираа правилата, и се закачија на нешто сосема друго. Едноставно поставија едно прашање? Што правиш?

Како што изгледа, воопшто не направиле сегментација на пазарот, ниту пак позиционирање во споредба со конкуренцијата, креирање на понудата во поглед на потребите на пазарот…блаа блаа блаа….. фала му на дедо Котлер за вокабуларов.
Ок, но како успеаа да создадат толку голем buzz од едно просто прашање

Ееее.. сега…
Основачот на Twitter, направи толку дараматична прикаска. .. како тој си размислувал постојано што прават неговите пријатели и роднини.. и во еден момент .. БУМ.. му текна .. му се случи Twitter- ека.

Тоа што е најневеројатно е дека човеков успеа да не убеди во оригиналноста на неговата идеа во време на Skype, MSN, SMS и MMS и што уште не. Страшно добро !!!

Како успеа да се “диференцира” и што е толку повеќе посебен
Просто е – направи друг проивод:
Twitter е помал како производ но поголем во користење и примена.

Еве ја спецификацијата на Twitter:
Прозвод
- 140 карактери
Користење и примена
- Едноставен за користење и се применува за следење на истомисленици. / значи не се подразбира за пријатели туку луѓе кои ви се вистински интересни
Ова е вистинскиот погодок на призводот, привлекува повеќе публика, просто поради тоа што 140- те карактери се доволни да не ги уплаши со размена на преголем обем на информации. Сосема доволни да кажете поента и да скренете внимание.

Затоа, ве молам послушајте ме:

- не читајте книги со наслови  “Како да заработиш 1 милион за 10 дена”  или “3 чекори до милионска идеа”
- не плаќајте статистики од Aberdeen
- не губете време со темплејти на бесконечни бизнис планови

Единствено, почнете да размислувате просто. Купете си флипчарт со димензии (90X60) и почнете секој ден да запишувате ама буквално се што ви паѓа на ум.

Верувајте во себе и смислете неверојатно – креативни бизнис идеи

  • http://www.vertigo-nme.mk Ivana

    Имаш право за се што пиша. И уште една важна работа во се’ ова, да не ги слушаш секогаш туѓите мислења за она што сакаш да го направиш затоа што од толкав број на различни мислења секоја идеа е однапред осудена на пропаст. Сигурно и за твитер прв пат кога слушнале, многу луѓе рекле дека е глупост :-) Така да, само напред со секоја идеа!