Како преку ноќ да бидете “прв на google”?

Од Катерина Стојановска - вто ное 10, 4:42 pm

Мојот претходен пост Како да бидам “прв на google”? го завршив со двата главни чекори за да дојдете до пиедесталот т.е. до првата позиција на google, и да повториме тие беа: Оптимизација на самата веб страна и Создавање на линкови или врски од други веб страни до вашата. Верувам дека сега добро ги запомтивте, па нели во школо не учеа дека повторувањето е мајка на знаењето.

На прв поглед овие два чекори заедно со сите нивни под чекори и процеси, значат многу работа и значајна инвестиција пред се во време поминато во суредување на најситните и најмалите детали. Е сега а што ако ви кажам дека може да ги прескокнете овие два чекори и да го остварите “Американскиот е-Сон”, и преку ноќ да бидете “први на google”!  Лично, штом ќе чујам “преку ноќ”, незнам зошто но веднаш ме асоцира на мито, корупција и сите други убави зборови и термини по кои нели Балканот е попознат, небаре ние сме ги измислиле.

Нека не ве чуди но стварно може да му дадете мито на Google и веднаш ќе бидете “први на google”! И еве ви линк до дечкото кој ќе ви среди веднаш да ве стават на прво место. Тој се вика Adwords.  И преку него google заработува најмогу пари. И со негова помош Google ја создава својата империја. Но што правите, ако и некој друг плати за да биде прв? Па логично, оној кој ќе плати повеќе ќе биде прв. Но додека го читате ова, сеуште многу мал број бизниси т.е скоро никој од Македонија не го користи google adwords. Па затоа за ефтини пари може да бидете “први на google”.

Еве една слика со објаснување на рангирањето во Google:

Платени и Природни(органски) резултати

Платени и Природни(органски) резултати

1. Природни(органски) резултати се оние кои решиле да не плаќаат и со оптимизација за пребарување и создавање врски (линкови) се избориле за првото место на google.

2.Платени резултати се оние кои решиле да му платат на google и на полесниот начин да дојдат на врвот.

Е сега и двете стратегии имаат свои предности и слабости, а мое мислење е најдобро решение е комбинација т.е спојување на двете стратегии.

Доколку сакате брзи резултати на краток рок, т.е пример станува збор за новогодишна кампања или акција која ќе трае 2 недели , што ќе ви донесе нагло но кратко зголемување на бројот на посетители, стратегијата со платени резултати е подобар избор.

За разлика, стратегијата со природни резултати е подобра за долг рок со стабилни резултати .Се карактеризира со постепено континуирано зголемување на посетителите и потребно поголемо време за да се дојде до врвот.

Мој предлог е да започнете со една кампања на платени резултати и да извршите анализа, кои пребарувања/ клучни зборови имале најголем ефект за вашиот бизнис т.е ви донеле најмногу клиенти и потоа да започнете со стратегијата за природни резултати за тие пребарувања/клучни зборови која на долг рок ќе ви донесе поголема стабилност и секако поголем профит.

Па побрзајте додека сеуште никој не го користи adwords, и дознајте што е најдобро за вашиот бизнис, па потоа споделете со сите нас.

3 коментари

Comments 1 - 3 of 3Почеток« претходноследно »Крај
  1. Корисни информации, еве ист форум со иста содржина: www.ibiz.mk

  2. Сеуште постојат клучни зборови со кој можеш да доминираш на првата страна од Гугл…бесплатно :)

  3. Хммм…

    Абе на Македонски јазик, со било какво СЕО можеш да излезеш на прва страна…
    Не знам дали се исплаќа воопшто да се даваат пари на Адвордс?!
    Имаме толку малку контент на Македонски јазик што било што да објавиш на Македонски ќе се излиста ако не на прва, тогаш сигурно на втора страна… А ако е на втора само фрли 2-3 линкчиња и ОП ете сме на првааа…..

Comments 1 - 3 of 3Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај