Неколку Мисли за Твитер – надополнето
Од Стефан Миладиновски - пон ное 16, 12:52 am
За секоја работа што ја правиме во животот сигурно ќе се прашаме: Дали работам правилно? Дали можам да ја направам работава подобро? Каде грешам? Каде да најдам повеќе информации на темата?
Со моето присуство на Твитер, си ги поставив истиве прашања. И нормално е со тек на време да добиете искуство и да можете да споделите некоја мисла.
Еве неколку мои мислења за тоа како подобро да го користите Твитер:
За компании:
1. Користете го Твитер како човек, а не како машина за СПАМ
2. Ставете го Вашето лично име за да ја зголемите персонaлизацијата на комуникацијата (на пример, во делот Bio напишете кој стои позади профилот)
3. Кога ставате линк од блог пост, објаснете малку повеќе за постот или најавете го следниот пост (не ставајте само линк до постот)
4. Твитајте нешто што е корисно за луѓето кои Ве следат (совети, попусти, видео материјали…)
5. Доколку имате лична комуникација со еден корисник, правете го тоа преку DM, доколку сметате дека другите корисници не ги засегаат информациите кои ќе ги размените
6.Мерете колку пати Ви кликнале на линковите и во кој дел од денот го прават тоа.
7.Мерете и колку пати е направен ре-твит, и кој тип на пораки најмногу се ре-твитувани. (@iskra , фала многу за советов)
8.Со користењето на Твитер, Вашата компанија е отворена на многу потранспарентна и подиректна критика споредено со другите медиуми.
9.Никогаш не е вистинското време да почнете со Твитер(сепак, отворете профил)
За физички корисници
1.Користете го Твитер како човек, а не како машина за СПАМ
2.Ставете фотографија. Kорисниците сакаат да видат кој стои позади профилот.
3.Пополнете го делот Bio
4.Следи корисници што твитаат работи од Ваш интерес, и види кого следат овие корисници
5.Не замарај со ствари кои те интересираат само тебе(барем не премногу
)
6.Твитовите кои не содржат линкови, мора да имаат интересна содржина (типичен позитивен пример е @sead93)
7.Не твитај додека возиш
( ова го потврди и @dasaf во еден од неговите твитови)
8.Многу твои пријатели те гледаат бледо кога ќе кажуваш колку си фасциниран од можностите на Твитер
9.Групирај ги професионални/ниш интереси наспроти понуди/услуги од компании кои те интересираат(@iskra , фала уште еднаш)
Како и да е, нема дефиниција за тоа како е правилно да го користите овој сервис. Во наредниот пост ќе разгледаме дополнителни начини за користење на Твитер. Сеуште се поставува прашањето и има поделени мислења за тоа дали Твитер е одлична маркетинг алатка и може да се користи како начин за брзо добивање информации, или пак е залудно потрошено време.
Затоа, ќе прашам, што мислите вие?



Со кои твитер профили на компании си управувал? ако не е тајна де
@darko buldioski,Управувам со twitter профили на мк компании, кои сеуеште се во почетна фаза и мислам дека е прерано за да ги објавам. Кога ќе добијам првични резултати, ќе ги споделам заедно со профилите на компаниите.
Ептен лајк!
Би додала само дека треба да се користи опцијата за групирање на оние кои ги следиш на Твитер.
Ако си физички корисник – да групираш професионални/ниш интереси наспроти понуди/услуги од компании кои те интересираат
Ако си бизнис корисник – доволно е како што си напишал Никола дека треба да се следи колку ти го кликаат линкот, но и битно е да видиш колку има ре-твит
Поздрав:)
Зошто е прерано да ги споделиш? Па ако ги споделуваш твитер профилите со кои управуваш. тие ќе добијат поголема публика нормално.
@Дамјан,
Точно. Затоа и ќе има посебни постови посветени на тие профили.