Прикажување на резулатите во Google
Од Никола Бојков - чет ное 19, 1:07 am
Сакам само накратко да објаснам, откако ќе направите некое пребарување преку Google, од што се состојат понудените резултати од страна на Google. И како вие може да влијате/промените како се појавува вашата веб страна/блог во резултатите при пребарувањето.
Во SEO/Оптимизацијата за пребарување, прикажаните резултати од некое пребарување се наречени SERP или Search engine results page, така доколку го сретнете овој поим да знаете за што се мисли.
Еве како изгледа тоа при пребарување за клучните зборови “Интернет Маркетинг” во Google.com :

SERP - страна со резултати во Google
1.Наслов на веб страната – првата линија од резултатот секогаш е резервирана за насловот на веб странта

Насловот на Веб Страната
За да го промените истиот треба да направите промена на <title> ознаката во html кодот.

<title> во HTML кодот
2.Исечокот (Snippet) – Описот на веб страната
За описот на веб страната google најчесто ја користи описната мета ознака или во html <meta name=“description” > тоа изгледа вака:

Како изгледа описната мета ознака
Доколку немате дефинирано описна мета ознака google автоматски ќе избере дел од содржината на самата веб страна што ќе го користи како исечок.
3. URL адреса – Адресата на веб страната

URL адреста на веб страната
Сите овие 3 елементи се многу важни при оптимизацијата за пребарување, насловот треба да е уникатен за секоја веб страна, описната мета ознака треба да ја објасни самата веб страна и да е релевантна со содржината која се наоѓа на истата, url адресата исто така треба да е оптимизирана и јасна.
Многу повеќе за овие и останатите елементи веќе во наредните постови.



0 коментари