Конечно! Пристигна поканата за GoogleMusic
Од Катерина Стојановска - пет јун 24, 10:06 am
Предупредување - Овој пост е среќен, весел и забавен. Запознајте се со Google Music новиот транзистор од чичко Google. Мала историја во неколку булети, зошто скокам од среќа:
- Со години си ја селам музиката – од комјутер, па на телефон, па на друг компјутер, па на CD-ња, USB-иња;
- Дури Аол радио беше во игра, некој период;
- Торенти колку сакаш – упсссс.. ;
- За да на крај завршам со слушање на Петар.
тамтамтарааа.. конечно сервис што дефинитивно му верувам и:
- Не кочи, не се замрзнува;
- Лодингот е страшно брз;
- Квалитет на звук – амејзинг!!!;
- Можам да го носам во џеб – види Андроид App.
Почекајте си за покана (нормално) или ако ептен на некој не му се чека, може да ме контактира.




thanks for the invitation