BSC – ват д хел ис дет!?

Од Катерина Стојановска - сре јун 29, 11:40 am

Немаше на крај памет да ми текне да пишувам за BSC (balanced scorecard), но неодамна налетав на еден оглас за работа на позиција BSC координатор.

Интересното е дека, на HLB јазик (читај – high level bulshit) е објасното какви способности и знаења треба да поседува еден BSC експерт за да ја добие работата.

Да не должам.. еве дел од барањата во огласот.. и нормално, паралелно е мојата чеклиста дали ме “бидува” за оваа позиција:

  • Economic Faculty degree. MBA is preferable - Имам јеее.. checked
  • Excellent English speaking. Macedonian and Albanian language is optional – не знам албански воопшто, но можам да научам . А за македонскиот, пааа… нема да знам да лекторирам ако ми побараат, но имам другарка што ќе ми помогне. Ок checked.
  • Excellent knowledge of Word, Excel, PowerPoint and Outlook; Good knowledge of Microsoft Visio and Project – не знам колку знам  Outlook т.е не знам ни Excel,  кој знае Excel всушност и кој Еxcel ми го бараат – вижуал бејзикот не го знам. Visio – топ сум знам да ги цртам коцките, знам да ги поврзам и да импортирам податоци од база, ептен сум advance.
  • Knowledge of Balanced Scorecard is highly preferable … хмммммм – долгото објаснување е подолу

Ако некој работел на BSC проект и анализа на резултати,  ќе најде толку многу нејаснотии во огласов, читај … некој па и не разбрал што е BSC и зошто го бара.

Со сета почит, кон компанијата и тој што го напишал огласот, но според мое мислење вака НЕ СЕ БАРА BSC координатор, т.е правилното би било .. вас ви треба ДЕТЕ ЗА СЕ координатор .. како што можам да сватам од огласот.

Прво, ме нервира, ме нервира и пак , ме нервира што толку многу фенси термини навлегоа во корпоративното работење, пренесени од “горе”, а нашиве од семинарите во странство, ги носат и ги расфрлаат меѓу нас, обичните работници.

Второ, ве молам сватете, не сте ЈАКИ ако ги знаете овие термини, што некојси PhD од досада ги измислил, а ние нормално плаќаме по неколку ињадарки за семинари и бизнис школи за да, нели, сме учени и алицираме за вакви работни позиции.

Трето и најконкретно, BSC е огромен процес. Зборот е огромен, и тежината на работата е огромна. Јас секогаш добивам чувство на немир, страв или незнаење кога ќе видам вакви термини – TQM, BSC, 6 Sigma и сл. Ми летаат exell-и, flowchart-ови. Knowledge of Balanced Scorecard is highly preferable – е НЕМОГУЧЕ.

Ова се мои лични констатации, па да не ме сватите погрешно и да не испадне дека се обидувам да наметнам перцепција на паметњакович, еве конкретно како јас лично би барала човек што би евалуирал во BSC.

Се бара: Проактивен координатор на синџири за работа

  • Лидер на тим со одлична перцепција на околината, знае да слуша, ситничар, искуство во работа на терен и искуство во штедење на ресурси;
  • Можност за демонстрација на проект за скратување на бизнис процеси со конкретни пред и потоа резултати;
  • Способност да црта коцки и стрелки на хартија или ѕид и визуелно претставување на синџир на работа;
  • Excel познавање за едитирање на готови темплејти, е предност.

Предност ќе имаат кандидатите што имаат искуство и конкретни резултати од оптимизирани бизнис процеси, раководени од нив.

Како ќе го препознаете, на интервју –

  • Гледа нагоре
  • Замислува идно време
  • Црта и запишува во тетратката што си ја носи со себе
  • Смирен/а е ве слуша и на крај замолува за внимание и ви дава идеи за тоа што разбрал/а и што барате од него/неа.
  • По 1 ден ви праќа  табелка со наслов “2010/2011 Евалуација” – и некои си бројки.

Kраен заклучок –  Не треба толку да забегуваме во примената на овие модели. Сепак, на 60 000 фирмички во РМ не им треба тој BSC што го учиме на школо. Да точно, ако вашата компанија е поголемка, има бројни и комплицирани бизнис процеси, тогаш ДА можете да почнете со практика на BSC или  секако ќе ви го наметне мајката –  фирма. Но, ве молам бидете конкретни, пишувајте огласи што навистина комуницираат конкретни барања  за работната позиција, бидејќи можеби детето што го барате има искуство, го бива за перцепција,  но едностано не чуло за BSC  и нема да ви се пријави на огласот.

2 коментари

Comments 1 - 2 of 2Почеток« претходноследно »Крај
  1. Драга моја, огласов само кажува дека во компанијава (која и да е, иако умирам од желба да знам за да се изнасмејам убаво) има и те како простор за оптимизирање на процеси и воведување на било каков performance measurement system, а да не зборуваме дека е преочигледно кој оддел треба да се земе прв предвид за тоа (читај: human resources management, да не речам кадрово). Се плашам дека и ова ќе е само уште еден неуспешен обид на некој што слушнал, а не дочул што и како треба за да се подобри учинокот на компанијата му :) Ама позната ти е онаа нашата „видела жабата коњот се потковува, па и она кренала нозе“…

    Кажи ми барем кај налета на огласов за да си ја задоволам љубопитноста како изгледа „во живо“ :)

  2. Пааа.. нема да напишам кај го најдов огласот, не ми e баш “етички”. Секоја греши, нели?!Сепак, се надевам ќе ми ја разберете намерата.  А поговоркава со жабата, трип :) )

Comments 1 - 2 of 2Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај