Киднапирање на линкови
Од Катерина Стојановска - сре јун 29, 12:01 pm
Во едни дамнешни времиња, киднапирањето на линкови беа страшно кул. Си мислев дека оваа мода одамна помина, но изгледа мојата Avira пропуштила торент (или што и да е) па ми се закачи некое “чудо” што ми ги киднапираше линковите на Google. Оваа “немила” случка ме остави да размислувам на 2 прашања:
1. Зошто!? Кој ќе ви купи или ќе се збуни или ќе ви даде некакви си податоци?!
Без некоја фулозофија, сепак мислам дека најпрост одговор е дека сигурно некој јаден корисник сеуште се прелажува и остава свои податоци, па затоа киднаперите слободно продолжуваат да си “оперираат”.
2. Дали чичко ми Google ми ги брои овие кликови на моите Adwords реклами, па јас ќе треба да си ги платам?!
Знам дека Google прави ревизија на невалидни кликови и ви ги додава како плус во билингот на вашата Google Adwords сметка. Најбитен е повратниот линк што го регистрира Google. Значи, тригер за наплата по клик, не е самиот акт на клик, туку дали навистина корисникот стигнал до линкот што го кликнал . Јасно е нели?!
Но, ме зачуди зошто никаде не најдов некoe официјално објаснување од Google за оваа моја загриженост. Ако некој налета на ваков пост од Google, ве молам споделете ми го.
За сите загрижени за мојот Lenovo,го избањав од сите вируси…. колку што јас знам, па сега за сега немам регестрирано ново “киднапирање”.


