Кој го гради Скопје на Google Earth?!
Од Катерина Стојановска - пет јул 01, 12:17 pm
Не знам за вас, но јас секогаш кога пребарувам сместување за во странство, прво трчам на Google Maps и со плагинот за Google Earth детално го истражувам просторот околу хотелот или апартманот. Во овој контекст и 1 ден по историскиот момент за изгледот на нашето градче Скопје, направив проверка да видам како изгледа плоштадот во 3Д.
Прашање: Kој и како ја црта 3D околината? И каде е коњот со воинот, или воинот со коњот?!
линк до поголема мапа
Накратко, чичко Google има една интересна алатка Building Maker – достапна за секој што сака да помогне во 3D моделирање на планетата Земја. Признавам, не знам да цртам, но ако има некој поталентиран од мене што не знаел за оваа алатка ете можност да се вклучи во изградбата на Скопје. Еве и desktop верзија SketchUp
Го најдов и 3D моделирачот на Скопје кој дефинитивно одлично ги има “изградено” објектите во Скопје и неколку во Охрид. Ете, поголема мотивација за овие денови, па ако е во можност нека го постави споменикот и да почека до септември за фонтаните
Сепак, не навлегувам во дискуси за коњот, туку сакав да споделам идеја за компаниите кои сеуште не добиле свој виртуелен објект и мотив за искористување на оваа алатка за маркетинг.
Ќе забележите лого на Елем, Мепсо, Соравиа, Вип, EVN (и се извинувам на Искра, што заборавив
. Сите билборди, логоа = Бесплатен placement.
Прост пример: Jас како турист ќе сакам да видам кај точно се наоѓа Holiday Inn, дали има кино во близина, трговски центар (GTC го нема во 3D) , кај да излезам, во кој кафич да пијам кафе, каде да купам сувенири итн.Можеби поголемиот број на туристите размислуваат како мене, па лесно ќе може да ја најдат вашата локација. Затоа, побарајте си талентиран 3D моделирач кој ќе ви помогне да си го изградите својот објект и нормално да си поставите своја бесплатна и иновативна реклама.
Ако ви изгледа интересна темата, ќе се вратам за некој ден и ќе ви пишам што се може да се направи со Google Earth API-то.
И ве молам, не градете “дивоградби”, Google дефинитвно ќе ве провери. Можеби затоа уште се чека одобрување за големиот коњ на плоштадот
(joke)


