Зошто го сакам синото Google +1 копче?!

Од Катерина Стојановска - вто јул 05, 11:24 am

Во овој пост ќе научиме зошто толку го сакаме ова мало сино +1 копче повеќе од неговиот бел близнак и како да измериме кој е неговиот ефект.

Знаете ли воопшто како работи Google +1 копчето??!

Од аспект на маркетерите, копчето +1  ќе ви помогне во зголемување на CTR – стапката на клик во однос на прикажувањата на вашите реклами или линкови во резлтатите на Google. Ако видите дека некое ваше другарче веќе кликнало на +1 копчето до Google резултат што го пребарувате, голема е веројатноста дека и вие ќе го кликнете, нели. Одлична функционалност, која ја оправдува и главната поента на постоењето на Google – креирање на релевантност на своите резултати и помагање на корисниците за брзо време да стигнат до “тоа” што го бараат.

Очигледно е дека копчето би имало ефект. Но колега, каде се бројките?! :)

Вие, како паметни маркетери, ќе сакате да знаете кој е ефектот на ова копче и како да го измерите, нели!?

1. Статистика за +1 копчето – За да изброите колкав е ефектот на +1 копчето, Google направи опции со статистики во webmaster tools. Ви советувам, практично да си ги погледнете статистиките, бидејќи ми е малку тешко описно да ги објаснувам бројките (се извинувам :( .

Сепак,  еве ги главните опции и статистики за +1 копчето:

  • +1 Metrics: Многу паметна статистика со споредбена табела на стапката на кликови со и без +1 копчето. Ова се статистики само од organic резултатите на Google, при пребарување на зборови што тригираат појавување на вашите линкови.
  • Activity : Споредба на ефектот на копчето  поставено на вашиот вебсајт или на други вебсајтови. Ова значи колку пати било +1 кликнато копчето поврзано со линкови до вашиот вебсајт или на вашиот вебсајт.
  • Audience: Статистика за демографијата и географската локација на корисниците што кликнале на +1 копчето. Но, статистиките се генерираат, само кога поголема група корисници, кликнале на вашето +1 копче.

2. Поставување на +1 копчето - Без преголемо размислување, ставето го копчето на видливо место на вашиот вебсајт.

  • Генерирајте нормално +1 копче: Овој код, генерира +1 за целата URL страна на која е поставено.
  • Напредно +1 копче: За сите што имаат поголемо познавање, можат да го персонализираат копчето за да се однесува специфично за конкретен линк или пост на страна на која имате повеќе линкови или постови.

Забелешка, доколку немате поставено вебсајт во webmaster tools, можеби ќе почекате 48 часа додека да почнете да ги гледате графиконите и статистиките од копчињата.

Еве една корисна презентација со целосно објаснување за употребата на Google + копченцето:

3. Зошто Google не ги ставил овие опции во Google Analytics?!

Не знам, искрено. Сепак можете да мерите статистики на вашето +1 копче поставено на вашиот вебсајт, со користење на опцијата за Event Tracking во Google Analytics.

За сите што повеќе се разбираат, еве го кодот што го најдов, а можете да го поставите на вашиот вебсајт за да креирате Еvent tracking во Google Analytics: десен клик и видете го кодот на ова копче:

Коментирај