Дали новиот Google photos ќе го задржи like-от?!
Од Катерина Стојановска - сре јул 06, 1:57 am
По вчерашната вест дека Picasa најверојатно ќе го добие името Google Photos или нешто слично, си одвоив време да најдам некоја корисна информација за овој стар-нов-хибрид сервис за слики во Google+. Не дека најдов нешто паметно, сепак ова што ќе ви го споделам мене лично ме разочара, малку.
Ако компанија како Google влегува сериозно во социјалното вмрежување и ни претставува сервис што реално е надградба на целосна платформа што веќе ја создаде некој друг, сметам дека треба барем малку плански да ги интегрираат своите досегашни сервиси.
Предметот на дискусија овој пат е “like” копчето (во моја одбрана случајност, не дека имам некој фетиш на сини копчиња
.
Еве ја сликата што визуелно ја прикажува мојата поента.
Саркастично: Ако не знаевте за што служи ова копче, на овој линк ќе си прочитате многу јасно што прави копчево. Дури и има ажурирање на веста од пред некој ден, што не наведува на размислување дека можеби Google не се откажува толку лесно од своето like копче. Да точно, Google прв го стави копчето “like” во Reader-от - Јули 2009, а Facebook like копченцето, наполни една годинка на 21-ви Април оваа година. Понатаму, Google го додаде и како опција за гласање/рангирање/споделување на вашите базови, слики во Picasa и Youtube видеа.
И така, ќе си останам со моето тврдење дека избрзаа во интеграцијата на неколку функционалности – уште чекаме интеграција со Reader-от, Календарот е веќе редизајниран, да видиме само како ќе го замени Facebook Events, а веќе искрено не знам што да му правам на Buzz-от.
Останува прашањето, за кое копче ќе се реши новиот Google+ , бидејќи сеуште не е имплементирано +1 копчето на повеќе Google сервиси, посебно што на најголемата огласна мрежа Youtube сеуште останува скоро невидливо и во низата на останатите социјални мрежи.
Проблемот е, што јас целосно сум збунета што да кликнам за да споделувам, а вие?! Споделете коментар или следете го нашиот стрим на gplus.to/internetmarketing



