Зошто Facebook најмногу ќе профитира од Google+ ?

Од Никола Бојков - пет јул 08, 12:27 am

Како верен почитувач на името и делата на Facebook, со целата почит кон Google, моето мислење е дека придобивките од појавувањето на Google+ за Facebook се многу поголеми од можните негативни имликации.

Зошто Facebook најмногу ќе добие од стартувањето на Google+ ?

  • Конкуренцијата е основата за напредок

Пред појавата на Google+, Facebook немаше вистински конкурент во социјалните мрежи. Можеби сеуште е многу рано да се прогласи Google+ за достоен противник на Facebook. Меѓутоа ребрендирањето на Blogger и Picasa во Google Blogs и Google Photos и потенцијалот од интеграцијата на Google+ со Gmail, Docs, Calendar, Reader, Ad Sense, YouTube и Adwords, зборува дека Google сериозно си ја сфатил работата .

И додека Twitter сеуште се мачи со пронаоѓање на вистинскиот бизнис модел, а историјата на Google покажува дека се поуспешни во превземање на компании и потоа интеграција на истите(Blogger, Picasa, YouTube, Urchin или Google Analytics, DoubleClick, Google Maps, AdMob) во својата мрежа, отколку во создавање на нови иновативни производи(Google Wave и Buzz сведочат за неуспесите на Google), Facebook продолжува да чекори цврсто напред.  Доколку Google+ доживее неуспех како Google Wave и Buzz, многу тешко дека некој потоа ќе може да му се спротивстави на Facebook.

Во секој случај со самото тоа што во Google+ е содржан зборот Google, ќе предизвика немир кај Facebook. Многу ме интересира каков ќе биде одговорот од Facebook, во која насока ќе  тргнат, каква стратегија ќе одберат, кои ќе бидат наредните чекори? Сепак останува да дознаеме многу наскоро. Но во едно сум сигурен, ќе има многу нови иновации и функционалности кои дополнително ќе го забрзаат развојот на технологијата.

  • Google+ е потврда дека Social Media прераснува во сериозен маркетинг инструмент

Google+ е  потврдата дека Социјалните мрежи прераснуваат во многу важен маркетинг канал. 2010 беше годината на Facebook. TIME магазинот го прогласи Mark Zuckerberg за личност на годината, Facebook објави дека има 500 милиони активни корисници, остварија приход од над 1 милијарда долари, Like копчето почна да се користи и надвор од Facebook и е интегрирано во околу 2.5 милион веб сајтови, и едноставно го смени начинот на кој живееме и комуницираме. И додека поголем дел од компаниите скептично гледаа на бизнис можностите кои им ги нуди Facebook, веќе во 2011 најголем дел од истите се присутни на Facebook.  И доколку сеуште останале некои кои се двоумат, Google+ е доказот дека мораат да бидат присутни на Facebook.

facebook profit v.s google

На крајот на денот компанијата ја интересира приходот и ROI, а штом Google е толку сериозен да влезе во оваа огромна инвестиција наречена Google+, сигурно добро ја пресметале математиката.  Знаејќи го Google, koj не би се задоволил со ништо под просечно, значи Google верува дека Социјалните мрежи ќе прераснат во огромна индустрија, што не е ни за изненадување.

Делот од маркетинг буџетите наменет за Социјалните мрежи од година во година ќе расте. Од една страна Google+ и Facebook заедно тргнуваат против ТВ/Радио/Принт, канали кои досега земаа најголем дел од маркетинг колачот. Во Google+, Facebook добива силен партнер во борбата со традиционалните медиуми.  Во трката за поголем број на корисници и внимание, најголеми губитници се токму традиционалните медиуми.

  • Што може Faceook да очекува како придобивки?

Интересот во Социјалните мрежи ќе продолжи да се зголемува и голем  број на компании за првпат ќе инвестираат во нив, а постоечките ќе го зголемат буџетот =  поголем приход за Facebook. И на крај, како што на големо се шпекулира дека Facebook се спрема за IPO, односно да започне да котира на берза, дали Google со лансирањето на Google+ му направи огромна услуга на Facebook?

Коментирај