Ексклузивно! Нов модел за ценовна политика
Од Катерина Стојановска - пон јул 11, 12:33 am

Конечно, можете да ги фрлите вашите Excel анализи, непреспиените ноќи во предвидување на стратегиите на вашите конкуренти, трошокот за дневници за консултанти, семинари и сл.
Ви претставувам нов, иновативен модел, тактика во креирање на цените на вашите производи.
Неодамна, едно Македонско фирмиче и официјално го претстави овој модел пред јавноста и убедена сум дека одлично функционира и дека купувачите, како мене се убедени во неговиот ефект и предностите. (Јас лично не ја купив торбата за лаптоп, бидејќи немав време да најдам поевтина за да се исценкам за 5%. Ве молам ако некој има информации за евтини лаптоп торби под 999 денари, пишете ми.)
Ако не можете да прочитате од сликата – еве и напишано – цитирам:
- Гарантирано најниски цени на лаптопи. Доколку на било кое место на територијата на Македонија најдете поевтина цена од модели прикажани во овој каталог, дојавете и ќе добиете 5% пониска цена од најниската. Притоа производот мора да има исти хардверско/софтверски карактеристики.
Главни предности на оваа ценовна политика
- Штедите време и пари за анализа на вашите конкуренти
- Штедите време и пари во дефинирање на цени за Вашите производи
- Имате загарантирано најниски цени
- Не мора да инвестирате во канали за продажба
- Брзо ќе постигнете обем на продажба
- Вашите добавувачи ќе бидат среќни и ќе ви се зголеми моќта за преговарање со нив.
- Најдобар е за компании кои лесно сакаат да се позиционираат како најевтини
- Од маркетинг перспектива – лесно за комуницирање
- Од таргет перспектива – скоро 80% од населениете во Македонија
- Фуннкционира скора за секој тип на производ или индустрија
Недостатоци на оваа ценовна политика
- Губење на можноста да заработите повеќе (но сепак обемот ќе ја покрие оваа минимална загуба)
- Исклучок се производи кои се во ограничен обем или се исцрпливи, необновливи, уникатни и сл.
Но, за успешно да го имплементирате овој модел ќе треба да обрнете внимание на овие 2 прашања:
- Дали и како можете да ги договорите ценовните регулатори или некојси агенции за заштита на потрошувачи или агенции за лојална конкуренција – ако постојат истите.
- Дали и како ќе го победите вашиот немир, не-морал, не-етичност, и како ќе им обајсните на вашите внуци дека сте успеале во бизнисот?!
Ова е пример за “бизнис етика” во Македонија и мислам дека е единствен во светот што во денешно време фунцкионира јавно, без око да му трепне, на него, а и на некој друг.
Ако се пронајде тој/таа на сликата, го/ја молам само да размисли на поими како искреност и чесност = долгорочен бизнис.


