Станете гуру пребарувач во Google!
Од Админ - вто јул 12, 2:08 am

Оваа одлична фотка е преземена од muratolmez.com
Во овој пост ќе ви споделиме неколку најчесто користени “финти” за пребарување во Google. Во табелата се неколку кратеници и симболи со соодветен начин на користење за паметно пребарување во Google.
| Симбол | Описно | Објаснување |
| “” | наводници | симбол за реченица, кој тригира пребарување на резултати со точниот распоред на кој е внесена реченицата. |
| - | минус | зборот пред кој е ставен минусот нема да биде вклучен во резултатите. Значи, резултати што ги содржат останатите зборови од фразата, но го содржат и зборот со минус, нема да бидат вклучени во резултатите. |
| | | исправена црта | разделените зборови со овој симбол ќе тригира резултати што го содржат било кој од зборовите внесени во полето за пребарување. |
| + | плус | овој знак се користи доколку сакате сите зборови да бидат вклучени во резултатите од пребарувањето. |
| * | ѕвезда | означува празно место за збор што Google треба да го пополни во приказот на резултатите. |
| ~ | крива црта | со крива црта пред збор, ќе можете да пребарувате синоними и асоцијации со внесениот збор. |
| .. | две точки | овој симбол означува пребарување за конкретен временски период и намалување на резултатите за конкретниот период. Пример, Скопје 2011..2014 |
| filetype: | тип на документ | filetype: pdf harry potter ќе тригира резултати што содржат .pdf документи за хари потер. |
| define: | дефиниција | define: некој термин – многу брзо ќе пронајдете објаснувања и дефиниции за пребаруваниот збор. |
Пробајте да пребарувате на овој начин и за кратко време ќе се навикнете во брзо пребарување на релевантни резултати. Ајде и вие споделете некоја финта за брзо пребарување и пронаоѓање на посакуваните резултати.


