AdwordsPlus.com e на продажба

Од Катерина Стојановска - пон јул 18, 11:25 pm

Google само што си купи нов краток домаин – g.co, за полесно споделување на содржините од сервисите на Google. Слично со t.co, домаинот на Twitter, на овој начин Google најде решение за поедноставување на споделувањето на линкови до и од своите сервиси, како и зголемување на безбедноста и заштитата од phishing што може да ја предизвикаат долгите линкови.

Но,  интересно е што Google сеуште го нема купено AdWordsPlus.com. Очекувано и веројатно некој како GoDaddy предвреме се досетил и има можност да заработи многу пари за овој домаин. Така да,  ако гледате голема вредност во идно време, можеби треба да инвестирате во овој домаин.

Ете идеја за  инвестиција, па ако некој од  вас има вишок париченца или е брокер со домаин, би можел да учествува во аукцијата со моментална почетна цена од 590$ – може и да почекате па да видиме до колку ќе се качи цената до крајниот датум на завршување на аукцијата – 12/9/2011.

 

 

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. Добра инвестиција додека google не ти шибне тужба за користење на trademark.

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај