Како ќе функционира AdWords+?!
Од Катерина Стојановска - вто јул 19, 8:56 am
Постот за можниот приказ на Google+ бизнис профилите, ме инспирира да претпоставам и како би изгледале позициите за рекламите на Google AdWords. Слободно можеме да признаеме дека тимот на AdWords+ има одлични можности за иновирање и претставување најразлични формати за рекламирање на Google+. Еве го моето размислување:
- InPhoto Ads – стрип линија со текстуална реклама во рамките на фото галериите- слично со Gmail
- InStream видео реклами – при вклучување на секој hangout
- Спонзорирни кругови (circles)
- Спонзориран стрим
- Или пак за почеток ќе почнат со стандардни текстални реклами покрај стримот – слично со Facebook – за што говори и последната модификација на познатите текстуални GoogleAdwords, инспирирана од FacebookAds.

На кој начин би функционирале AdWords+?!
- Дали ќе биде креиран посебен модул за пристап од Google AdWords сметките?!
- Дали клучните зборови ќе бидат основа за креирање на цена? Најверојатно не и по се изгледа моделот и креирањето на цената најмногу ќе зависат од популарноста на +1 копчето?!
- Содржинско (Contextual) таргетирање v.s Ре-маркетинг – дали можноста за следење на однесувањето на корисниците со поставување на колачиња во нивните прелистувачи, ќе биде дел од индексот што најмногу ќе го посакуваат огласувачите?!
- Дали ќе има минимална цена за креирање на AdWords+ кампања ?! Почетен буџет од 100 долари за да можете воопшто да почнете со AdWords+?!
- Промотивен попуст за најголемите огласувачи или пуштање во употреба на ваучери со вредност од 75$-100$ , како што беше и на почетокот од појавувањето на GoogleAdwords.
Совет: почнете да избегнувате креирање на различни линкови до иста содржина или применете Canonicalization – префериран линк за една иста содржина со помош на функцијата rel=”canonical”. Овој код ќе треба да го поставите во хедерот на вашиот изворен веб фајл. Повеќе техничко инфо ќе добиете на следниот линк.
Доколку постои овој случај (различни линкови на ист домаин до иста содржина) вашиот Google+1 score ќе добие помала вредност со оглед на начинот на кој функционира +1 копчето – секој ваш url при клик на +1 добива посебно ид, што во иднина всушност и може да биде основата за дефинирање на вредноста и оригиналноста на вашата содржина. Ќе видиме, нели ?!



