Twitter – дали конечно ќе излезе од минус?!
Од Катерина Стојановска - чет јул 21, 12:19 pm

“Новите инвестиции од 400 милиони $ за развој на Twitter, се дефинитивно јасен сигнал дека оваа мрежа останува голем играч во делењето на колачот за онлајн рекламирањето?! “
Yeah right! Според мое мислење, ”не можноста” да се најде бизнис модел, е “јака финта” за големите инвеститори да креираат огромна бесплатна мрежа, чија основа за вреднување во идната продажба на компанијата ќе бидат корисниците. Дефинитивно, вредноста/цената на корисникот е индикаторот кој се зголемува од година на година. Така, Twitter дефинитивно го чека вистинскиот билион за кој би се “шитнал” – дали на Google, ќе видиме, не знам?!
Сепак, ќе се правиме “наудредни” и овој пост го посветувам на прашањето – Дали конечно, најреволуционерната бизнис идеја ќе излезе од минус? Еве го планот на директорите на Twitter:
- Promoted tweets – Верувам дека веќе сте добро запознаени со овој начин на генерирање на приходи како решение на Twitter за спас од минусот. Мене најмногу ме интересира, како e дефинирана цената на промовиран твит!? Според последните изјави, најверојатно овие твитови ќе се плаќаат по стандардниот модел CPC или CPM, но со порелевантно рангирање на прикажвањата на овие реклами со помош на бројот на retweet и reply. Терминот со кој Twitter го објаснува овој ценовен модел е resonance – начин на дефинирање на цена за промовиран твит.Предности- Мотивација за 50-50 поделба на профит со мрежата на девелопери на Twitter апликации;
Недостатоци - Веќе видено и се сомневам дека ќе бидат доволно интересни за задржување на огласувачите; Најголем проблем е начинот на дисплеј и големата загриженост дека овие твитови ќе им пречат на веќе навикнатите корисници.
- Бизнис профили – платени профили со дополнителна вредност од статистики и мулти кориснички опции врзани за еден ист профил.Предности: Во моментов не можам да ги препознаам;
Недостатоци: Според мое мислење, Twitter бизнис профилите се задоцнета опција. Зошто би инвестирала една компанија во веќе постоечки бесплатни кориснички профии кои реално се следени, споделувани од милиони корисници? Сигурна сум дека овие големи компании веќе користат или имаат развиено свој метод на анализа на напредни статистики и менаџерски админи врзани со Twitter – Примери се апликации како што е SalesForce, што на некој начин му го скратија просторот на Twitter да додава идна вредност со сопствени алатки.
- Мои предлози
Спонзорирани твит виџети и хаштагови: Голема мрежа на виџети и плагинзи за дисплеј на твитови и хаштагови – широк простор за поставуање на промовирани твитови;На пример ако пишувате за iPhone и веќе имате портал, директориум или форум за iPhone обожаватели, нели ќе сакате да ставите промовиран виџет кој без проблем би си го платил Apple ? Ако веќе се размислува за споделување на приходи со девелопери на апликации за Twitter, нели е добра идеја и секој вебсајт да може да добие процент или дел од заработката од промовираните твитови?! Уште не ми е јасно, зошто ова не им е приоритет? Ако не направат опција за индивидуални огласувачи на спонзорирани твитови, тогаш ќе треба да го исклучат појавувањето на промовираните твитови во огромната мрежа од вебсајтови со виџети и плагинзи?! Па нели е ова самоубиство ?! Ај ќе видиме…Tweet TV Голем потенцијал за поврзување на 2 медиуми и зголемување на можностите што Twitter би им ги понудил на своите огласувачи. Спонзорирани хаштагови на телевизија како простор за рекламирање, е дефинитивно добар чекор што треба да го направи Twitter.
Можен заклучок
Им дадоа толку многу париченца, имаат најцелосни податоци за однесувањето, желбите и интересите на корисниците, ги буцнаа телевизиите бесплатно да објавуваат твитови, си направија мрежа.. и , еве во овој момент јас не можам да најдам податок дали воопшто Twitter размислува за ваков модел или единствено има мисија да се шири, шири и само шири. Прашање, ако веќе Twitter е вграден во Google TV, што мислите што ќе се случи?!



Iskreno, nekako imam custvo deka site prakjase Na tviter najcest avtomatski poraki, AMA deka retko koj gi cita.
Biznisot I investiciite se sosema drug rabota I Na krajot parite Sami ke si napravat pari.
Jas li no mozam samo da I’m se voshituvam Na negovite kreatori I zadvizuvaci Na nivnoto brilijantno rakovodenje/komuniciranje so investiciite/investitorite toa e mozno samo vo US.