Со Club SEAT на Ибица
Од Никола Бојков - пон јул 25, 12:20 pm

Се погoлем е бројот на Македонски компании кои почнуваат да го користат Facebook.com како сериозен канал за промоција и комуникација на своите маркетинг пораки. Последен доказ за овој тренд е и Ка-Дис, компанија која за својот бренд SEAT ја креираше Facebook странaта Club Seat Macedonia и започна со наградна игра Со Club SEAT на Ибица.
Апликацијата која е специјално креирана за потребите на оваа наградна игра, покажува дека компаниите се спремни да инвестираат во нови начини на проактивна промоција, користејќи ги придобивките на двојната комуникација овозможена од веб социјалните мрежи.
Предностите на овој тип на промоција, големиот број на корисници(скоро 900.000 од Македонија), и податокот дека Facebook.com е најпосетуван веб сајт од корисниците во Македонија(извор Alexa.com) полека, но сигурно го сместува Facebook.com во маркетинг буџетите на компаниите.
Сериозниот пристап и фондот на наградите само уште повеќе го потврдува фактот дека компаниите сериозно размислуваат како најдобро да ги искористат предностите и можностите на новите и иновативни начини на промовирање кои ги нуди Facebook.com.
Многу ме радува фактот што веќе можеме да пишуваме за локални примери за професионални Facebook кампањи со напредни апликации за интеракција со корисниците. Сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште повеќе локални примери.



