Распределба на пазарните удели на пребарувачите – Јуни 2011

Од Админ - сре јул 27, 7:37 pm

Во прилог ви претставуваме, најнова визуелизација на процентуалната распределба на уделите на најголемите пребарувачи и нивното користење за пребарување од страна на корисниците.

Во графиконот ќе забележите разлика помеѓу “total” и “explicit” проценти на уделите на пазарот за пребарување. Ова се различни мерки кои comScore ги воведе со цел поверодостојна анализа на распределбата на уделите, зависно од локациите / порталите користени за пребарување, а се овозможени од самите пребарувачи .

Наједноставно објаснето, ”еxplicit”, значи директно користење на пребарувач за пребарување , а “total” ги вклучува и контекстуалните резултати на партнерски  вебсајтови/портали кои ги вклучуваат формите за пребарување од страна на конкретен пребарувач. На пример,

Explicit – ќе значи пребарувањето само на Bing, а total ќе го вклучи и процентот на користење и на порталите од типот на MSN кои имаат вграден Bing пребарувач.

Сепак, како што ќе забележите, Google тешко дека ќе добие поголема конкуренција од останатите пребарувачи – достигнувајќи 65.5% пазарен удел, во Јуни 2011.

Коментирај