Plussems – компанија што продава Google +1 кликови
Од Админ - пон авг 08, 8:34 am

Ете и ова го доживеавме – се роди компанија со брилијатна иновација во интернет маркетингот. Името на компанијата е Plussems, со главна дејност: продажба на +1 кликови на вашите линкови.
Бизнис моделот на оваа компанија е неверојатно едноставен, а можеби и ефективен, кој знае?!
Plussems ја има “стручно” из-анализирано бизнис можноста за големото значење на +1 копчето и неговото вклучување во алгоритамот за повисок Google ранк.
Компанијата тврди дека се работи за вистински профили, на веќе верифицирани Google+ корисници. Еве ги главните продажни точки што треба да ве убедат да почнете со купување на нивните услуги:
- Зад кликовите стојат реални луѓе
- Секој клик е од различна IP адреса
- Сите кликови се прават мануелно, со посета на вебсајтот на клиентот
- Кликовите се вршат во период од неколку дена, за да делува природно
Моментално, пакетите што можете да си ги купите се движат по цена од $19.99 за 50 кликови до $359.99 за 2000 кликови.
Единствено е нејасно каква е внатрешната организација на оваа компанија, за организирање на кликовите. Можете да ја замислите комплексноста за реализација на 2000 кликови од различни Google+ профили.


