Не таргетирани “landing” страни на авиoнските компании

Од Катерина Стојановска - вто авг 09, 9:41 am

Не таргетирани

Рекламите на Wizzair   и Pegasus што во последно време се појавија по македонските портали, конечно го најавија присуството на евтините летови од Скопје кон европските метрополи. Фала богу!

Но, ќе забележите дека линковите од банерите кои водат кон вебсајтовите на овие авионски компании, се далеку од правилната landing (влезна) страна, а со тоа и  далеку од високата стапка на конверзија.  Зошто?!

Еве како размислува вашиот потенцијален корисник/купувач:

  1. Ухууу, банер со евтин лет и примамлива понуда – кликам
  2. Страна на англиски јазик?! Хмм..
  3. Kаде е мојот лет за 19 евра?! – барам, барам, барам и уште барам
  4. Леле, не можам да се снајдам. Се изморив и изнервирав. Ај другпат ќе се вратам :(

Со мала корекција на линкот и превод на неколку страници, верувајте ќе го зголемите ефектот на вашите интернет маркетинг активности и ќе го скратите патот на корисниците до шалтерот на вашиот вебсајт.

Конкретно:

1. Преведете ги актуелните понуди на македонски јазик –  Добро би било да се преведат барем страните со понуди од Скопје до _____ некој европски град,  со цел патниците од Македонија полесно да ги разберат условите и начините за резервација.

2. Поставете линк до конкретната понуда - Aко веќе имате конкретна понуда напишана на вашиот банер, нели е логично линкот да води до страната со соодветната понуда на вашиот вебсајт.

Внимавајте, понудата што ја пишува на вашиот банер, не смеете да си дозволите да биде наведувачка со различни цени и услови од тие понудени на вашиот вебсајт – во спротивно може да си добиете казна за наведувачки маркетинг.

И на крај уште едно потсетување:

Порталите да ги советуваат своите клиенти- Ќе ги замолам уште еднаш сите сопственици на портали или маркетинг агенции кои ги поставуваат банерите за своите клиенти, да ги применат овие корисни совети со цел взаемни придобивки, не само за нивните клиенти, туку и за  крајните корисници. Јасно е дека буџетот на овие компании е голем и можеби не им е важна оваа ситница, но сепак во услови на зголемување на конкуренцијата некоја од компаниите можеби и ќе сака да се диференцира со попрофесионален банер маркетинг.

Мене најмногу ме плаши претпоставката дека никој не обрнува внимание на мерење на резултатите од интернет маркетинг активностите. Дали овие банери имаат цел за конверзии? Која им е стапката за конверзии во однос на кликови/посети? Дали на крај ќе си направат анализа за ефектот и придобивките од банер маретингот? Што ако не им се допаднат резултатите, а вие пропуштите добри клиенти?

 

4 коментари

Comments 1 - 4 of 4Почеток« претходноследно »Крај
  1. Да си го кажам мојот дел :)

    Ние го правиме локалниот закуп за Pegasus. Кампањата ја креираат други… не ние… 

    1. апсолутно се сложувам со советите за локализација на страницата и сл. тоа е полесниот дел од она што може да се направи, а и верувам дека ќе има поголем ефект. 

    2. Кај авио понуди и кај хотелско сместување, кај вакви големи сајтови исклучително ретко се оди со конкретната понуда…. има премногу фактори кои влијаат на конкретната понуда а со тоа и цената па оттаму и не се практикува само една понуда… дополнително заради тоа што понудата континуирано и се менува. На пример…. Pegasus рекламира цени ОД 29.99, со тоа што сите билети по таа цена за месец август се веќе продадени а кампањата е во тек… Дополнително, цената не е за летот до Истанбул, туку до Измир :) , ама ова се стандардни маркетинг трикови за кои одлучуваат други луѓе и тие најчесто не се добро потковани си начелата по кои функционира интернетот.

    Пример за уште едно вакво таргетирање имаш на http://emarketing.komunikacii.net/targetiranje-innternet/

    Ја оддолжив…. одличен пост… на место, но за жал од оваа позиција не може се да биде спроведено. Патем, статистика се следи. Скоро сите банери се со код, не се директно закачени на сајтовите. Повторно зборувам за Pegasus ;) . И веќе по една недела има поделени реакции (и акции) за перфомансите на банерите :)

  2. Дарко, многу ти фала за споделеното искуство!  

    Би сакала да те прашам (ако имаш инфо .. нормално), дали користениот систем за статистика мери конверзии од купувачите од Македонија? Забележав дека Pegasus има refferal код од порталите, што не е случај со wizzair.

    utm_source=idividi.com.mk&utm_medium=468×60&utm_campaign=USKUP2011utm_source=mnogoo&utm_medium=728×90&utm_campaign=USKUP2011

    Како што гледам, не сум баш сигурна … дали може да се измерат конверзиите од корисниците на овој начин или само ќе добиете ефект за типот на банер, по портал и неговиот ефект во носење на посети или кликови до вебсајтот. Вака од око, не ми изгледа дека се мерат конверзии, бидејќи линкот со кодот не ме следи при кликање по внатрешните страници за да на крај добиете податок дали сум резервирала.

    Фала уште еднаш

  3. Мерат само генерално, не и поединечно колку што знам. Јас добивам преработена статистика :) . Не знам детали, но од муабет можам да претпоставам дека следат нарачки (thank you page) преку ref линк. 

    Сепак не ме фаќај за збор..претпоставка е ова :)

  4. Според кодот, најверојатно се работи за тагирање на линкови за следење преку Google Analytics, и изгледа се мерат многу повеќе варијабли од што мислев :)

    Еве се потрудив да објаснам како функционира:
    http://www.internetmarketing.com.mk/linkovi-za-google-analytics-za-sledenje-na-baneri/

Comments 1 - 4 of 4Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај