Facebook напад на СМС и Huddle

Од Никола Бојков - сре авг 10, 4:14 pm

Сигурно веќе сте запознени со веста дека Facebook лансираше нова апликација за пораки Messenger.

Можеби ќе си помислите дека технички и не е којзнае какво револуционерно решение, но сериозноста на овој  сервис како нов бизнис модел, во иднина можеби ќе претставува и најголема закана за телекомуникациските оператори и нивниот приход од платени СМС пораки.

Facebook групни поракиFacebook пораки

Апликацијата е достапна за iPhone и Андроид паметните телефони.

Станува збор за самостојна апликација, со која веднаш добивате пристап до Вашите пораки на Facebook и можност да испраќате пораки до Вашите пријатели на Facebook, многу брзо, лесно и едноставно.

Оваа апликација е дел од производот Facebook messages, па сите пораки кои ќе ги примите или испратите преку новата апликација, ќе бидат зачувани во Вашите Facebook пораки.

 

Што значи ова?  Без разлика дали разговарате со некој пријатели преку чет, имате испратено порака преку Facebook.com, или разменувате пораки преку новата апликација, целосната комуникација со Вашиот пријател е зачувана на едно место и можете да пристапите до нејзе од компјутер, лаптоп, мобилен, таблет и сл. Овој централизиран начин на чување на комуникацијата со Вашите пријатели е главната предност и мотивот позади лансирањето на Facebook messages.

Зошто Facebook пораките имаат светла иднина?!

На самата промоција на Facebook messages, презентацијата започна со приказната дека многу луѓе чуваат љубовни писма кои ги разменувале во младоста, а бидејки денес скоро никој не пишува писма, имаме проблем со зачувување на спомените, па затоа потребен е едноставен начин за чување и пристап до пораки кои ги имаме испретено во минатото. Facebook messages ги обединува комуникациските канали како чет, пораки и e-пошта, а сега со новата апликација ќе ги додаде и смс пораките.

Базата од 750 милиони корисници и централизираниот начин на пристап до целосната комуникација со пријателите се два џокери во походот на Facebook да го поедностави начинот кој комуницираме и да ги замени СМС пораките како начин на комуникација.

Интересна е и опцијата за групни пораки.

Организирањето на заеднички излегување и координацијата помеѓу повеќе пријатели може да биде комплицирана додека да се договорат сите. Сега со новата апликација постоа можност пораката да ја испратите до група на пријатели и сите тие имаат можност да одговорат и да ги следат одговорите на другите. На тој начин се поедноставува координацијата на група и заедничките договарања.

Друга голема предност е лесниот пристап до пораките.

За да ги прочитате Вашите СМС пораки Ви е потребен Вашиот телефон (најчесто), а до Facebook пораките можете да пристапите преку телефонот, лаптопот, таблетот, компјутерот.

А ова дава одговор и на уште едно многу важно прашање, дали да пратите смс или емаил? Односно како најбрзо Вашата порака да пристигне до пријателот? Со Facebook пораките, во зависнот од кој уред вашиот пријатели го користи во моментот кога ја испраќате пораката, ќе ја добие на истиот.

Дали СМС – от ќе замине во историја?

Сепак далеку од тоа дека од утре СМС ќе престане да функционира како начин на комуникација. Како и за секоја промена потребно е време за адаптирање на истата, но Facebook messages се сериозен кандидат да ги замени СМС пораките како начин на комуникација во иднина!

Напад на Google+ Huddle 

Facebook Messenger делува како да е инспириран од неодамна објавениот Huddle на Google+, кој се претстави како едноставно решение за конечно групирање на разговорите со Вашите пријатели. Но, доколку Google+ mobile  не си го среди своето локациско ограничување за преземање на Android апликацијата, дефинитивно Huddle нема да заживее со оглед на агресивниот Facebook Messenger, кој најверојатно ќе ја искористи оваа слабост и ќе се позицинонира како најдобра мобилна апликација за групно договарање.

Коментирај