Тагирање на линкови со Google Analytics за следење на ефектот на вашите банери
Од Катерина Стојановска - сре авг 10, 10:30 am

Инспирација за споделување на имплементација на напредна аналитика, произлезе од постот за банерите на авионските компании и дискусијата со Дарко за начинот на мерење на кампањата на Pegasus. По кратко истражување и по кодот што го користи оваа комапнија за влезни линкови на својот вебсјат, можеме да кажеме дека најверојатно користи Google Analytics тагирање на линкови за следење на успешноста на влезните линкови од различни локации, извори или клучни зборови.
Се работи за користење на алатката Google Analytics URL Builder. Со оваа алатка, ќе можете да генерирате конкретни линкови за конкретни кампањи и медиуми, чиј ефект ќе сакате да го следите и измерите. Овој процес е еден вид на тагирање на линкови со цел диференцирање на кампањите и полесно следење на нивната исплатливост со помош на Google Analytics .

За да дојдете до посакуваниот линк, ќе треба да ги следите следниве чекори:
- Внесете го линкот до крајната дестинација на која сакате да го насочите купувачот при клик на ваш банер
- Дефинирајте извор на кампања, медиум и име на кампањата.
- Генерирајте го персонализираниот линк за конкретен банер и медиум и поставете го како линк во рамките на банерот.
- На крај следете ги извештаите во Google Analytics во секцијата Campaigns.
Во левото мени изберете ја опцијата Campaigns и во табелата ќе го забележите името на кампањата што ја имате напишано при креирање на линковите во билдерот.

Дополнително, на овој начин ќе можете да направите преглед по медиум, извор, влезна страна, клучен збор и сл. спецификации на кои ќе треба да обрнете внимание при иницијалното тагирање на линковите.
Пробајте и споделете ни искуство за корисноста од овој начин на паметно следење на успешноста на вашите интернет маркетинг кампањи.



http://emarketing.komunikacii.net/link-marketing/
еве уште некоја алтка за истата намена…
Ок тенкс.. само не знам зошто не ми го отвара линкот?!