Сподели твит со слика

Од Админ - сре авг 10, 2:46 pm

Конечно е овозможена опцијата за додавање и споделување на слики на Twitter !

Подолу ќе можете да прочитате како-да внесувате слики на Твитер - директно од вашата Твит кутија!

Како можам да споделам моја твит – слика?

Кога ќе кликнете во полето за да твитнете, ќе забележите  две мали икони во долниот лев агол – една е за додавање на вашата локација (компас), и една за да поставите слика (камера) .

  1. Кликнете на камерата и изберете  слика од вашиот PC
  2. Ќе забележите thimbnail со опција да ја избришете
  3. За да ја споделите во Вашиот твит, само кликнете на копчето tweet.
  4. Сликата ќе се појави како линк (pic.twitter.com/xxxxxx’) а со клик на твитот, се појавува преглед на целата слика десната колона со детали поврзани со вашите твитови.

Twitter највува и опции за галерии по корисник, кои најверојатно ќе бидат достапни во наредниот период.

Очигледно неодамнешната инвестиција во оваа компанија, конечно резултираше со конкретни решенија и надоградување на сервисот.

Дали на овој начин ќе се наруши еко системот на Twitter и постојните сервиси како Twitpic и кои ќе бидат привилегиите достапни во API-то за развој на апликации со опции за споделување на фотографии?

Коментирај