Од денес ќе можете да си играте на Google+

Од Админ - чет авг 11, 11:36 pm

Google+ само што ги најави игрите и апликациите како дел од својата платформа.  Во најава е постепено објавување на опции за игри и повик до корисниците да ги тестираат и да испраќаат свои забелешки до тимот на Google+.

Идејата за игри во Google+ е да се создаде опција за избор на игри во моментот кога корисниците ќе сакаат да играат и да ја споделат својата забава со пријателите. Целта е, да се овозможи корисникот лесно да ги игнорира игрите во момент кога не сака да си игра. Ова е изведено со креирање на посебен стрим за игри во кој се објавуваат новостите поврзани со Вашите игри и игрите на Вашите пријатели. Ова значи дека промените и активностите поврзани со Google+ игрите нема да ви се појавуваат во главниот стрим.

Моментално опцијата за избор на игри се наоѓа веднаш над стримот и е достапна за одредeни профили. Google официјално објави дека API интеграциите во моментот се прават само со изберени компании со цел да се финилизираат повратните одговори за искуството и функционалностите испратени од страна на корисниците.

Како да почнете да си играте на Google +?

Доколку ја видете оваа иконка над вашиот стрим, кликнете ја и пребарајте ги игрите во листата. Кликнете Play и играјте си. Нормално, како и кај Facebook за одредени апликации ќе ви бидат побарани пермисии за да можете да ја играта играта. Доколку не сакате да ги споделувате овие информации по играње на играта, имате опции за бришење на веќе дозволените пермисии.

Нормално првите игри што ќе се појават на Google+ се добро познатите Angry Birds и  Zynga Poker.

Најинтересното за нас е што Google веќе добро ја има смислено интеграцијата со својот Google Checkout за плаќање и купување на виртуелни производи при играње на игри.

Од денес ќе можете да си играте на Google+

Коментирај