Google Catalogs – таблет апликација за каталози
Од Админ - сре авг 17, 12:00 pm

Google Catalogs e нова апликација на Gоogle за објавување на интерактивни каталози и нивно пребарување во рамките на таблет апликација која е достапна за бесплатно преземање.
Со овој сервис, Google ќе овозможи полесен начин на купување на производите и ќе го замени традиционалното купување на Avon или Orifflame производи од вашите колешки на работа.
Интересено е што Google својата прва верзија ја понуди за iPad таблетите и најви дека наскоро ќе биде објавена и верзија за Android апликации.
Доколку сакате вашиот каталог да се најде во некоја од категориите на оваа апликација, можете да го испратите на следниот линк со цел ревизија од страна на тимот на Google Catalogs.
Останува нејасно кој и како ја креира интерактивноста на овие каталози, со оглед на тоа што за да пријавите свој каталог потребно ви е само линк до pdf документ од вашиот каталог. Дали Google си има креирано интерна апликација слична на Wigoo и каков е процесот на одобрување на форматот на каталогот, се уште не знаеме?!
Ако некој/а од вас успешно го пријави својот каталог, ќе го/ја замолиме да ни го сподели своето искуство.


