Иновативна потрага по нови вработени

Од Катерина Стојановска - сре авг 17, 1:55 pm

Иновирајте го процесот на барање на нови вработени

Пред неколку недели пишував за начинот на кој македонските компании комуницираат потреба за вработување на нов кадар. Во овој пост ќе прочитате интересен метод за пронаоѓање на вистинските вработени.

Неколку прашања пред да продолжите да читате понатаму:

  • Дали огласувате само во весници?
  • Дали линкот за кариера е скоро “невидлив” на вашиот вебсајт?
  • Дали вашиот процес на селекција трае со недели дури и месеци?
  • Дали ви се има случено да погрешите во изборот на кандидатите?
  • Дали сметате дека вашиот тим е најбитен за успехот на вашата компанија?
  • Дали ви требаат креативни и иновативни вработени?

Совет: Доколку одговорите со ДА на овие прашања, тогаш верувајте дека е време да го промените процес на вработување. Вашите вработени се вредноста на вашата компанијаДојде времето и во Македонија кога процесот за барање на нови вработени треба да се практикува како дел од проактивниот маркетинг на вашата компанија.

Како да го освежите процес за барање на нови вработени!?

Според мое мислење, еден од многу интересните и ефективни канали за наоѓање на нови вработени –  е преку нивните блиски пријатели или познаници. Се што треба да направите е да најдете вистински начин на мотивација на референтите за да ги препорачаат своите генијални пријатели.

Што треба да направите?

  • Креирајте чиста и едноставна форма за апликација и поставете ја на веб страна што јасно и гласно ќе ги кажува придобивките зошто некој треба да аплицира. Избегнувајте долги форми за апликациија.
  • Мотивирајте: Понудете интересни придобивки за сите што ќе препорачаат пријатели што ги исполнуваат вашите критериуми.
  • Промовирајте: Искористете вирални пораки кои ќе ги комуницирате преку социјалните медиуми.

Како пример на овој канал за пронаоѓање на вистинските вработени, е моменталната кампања на  Hipster Inc. – start-up компанија од Сан Франциско за веб базирани решенија.

Еве дел од наградите што можат да се добијат доколку ве вработат или препорачате кандидат што ќе биде вработен од компанијата:

Коментирај