Magnifier e новиот музички блог на Google

Од Админ - чет авг 18, 4:19 pm

Пред неколку месеци беше лансиран сервисот Google Music, кој овозможува да ја закачите вашата лична музичка збирка на Google облак и да ја пристапувате преку вашиот компјутер, Android телефон или таблет.

Веќе се уверивме за можностите и квалитетот на овој сервис, па со оглед на иницијалната успешност, Google од денес ќе го зголеми искуството и содржините за музичките фанови преку својот нов музички портал Magnifier.

Овој вебсајт има намера да ги анимира корисниците на Google Music преку објавување на интересни музички информации, интервјуа и подарување на бесплатна музика што ќе можат да се додава во Google Мusic.

Со цел поттикнување на корисниците за поголема посетеност на овој портал, веќе од денеска Google ни подарува цела архива на бесплатана музика.

За да додадете цела колекција на музика по жарн, треба само да пристапите до категоријата на музика што ви се допаѓа и да кликнете на копчето – Add free music. За брзо време целата колекција по жарн ќе се најде во вашата Google Music архива.

Еве како изгледа бесплатната архива на Google Music:

архива на бесплатана музика

Интересно е што овој блог – портал е сместен на Blogger- со адреса http://magnifier.blogspot.com - што некако делува како обид да се прикаже можноста на овој блог сервис за креирање на навистина одлични портали.

Коментирај