Предности на Adwords рекламите за мобилни уреди
Од Катерина Стојановска - чет авг 18, 9:17 am

Во овој пост ќе се обидам да ви го споделам моќниот ефект што го овозможува Google Adwords, со опции таргетирање на корисници кои најголем дел од своето време пристапуваат на Интернет преку мобилни уреди. Искористете ја оваа можност за диференцирање на вашите маркетинг активности од конкурентите и зголемување на веројатноста за приказ на вашата реклама.
Без разлика дали сте фокусирани на онлајн или офлајн конверзии,Google Mobile Ads може да ви помогнaт во остварување на големи резултати при интеракција со вашите клиенти додека се во движење.
Кои се предностите на овој начин на таргетирање?
- Зголемена продажба и можност за генерирање на потенцијални клиенти со помош на Click to Call – со додавање на опцијата за приказ на вашиот телефонски број во рамките на рекламата, се овозможува директен линк за контакт со вашата компанија
- Зголемена офлајн посетеност на вашата бизнис локација – поставување на адресата и телефонскиот број веднаш до вашата реклама, се опции кои би овозможиле локализирање на понудите и зголемување на сообраќајот во вашите офлајн продавници.
- Одличен начин за да ги рекламирате линковите за преземање на вашите мобилни апликации
- Зголемена видливост на линковите во резултатите на Google – со опцијата Sitelinks ќе ја зголемите видливоста на вашите линкови во резултатите на Gоogle, со што се зголемува веројатноста дека корисниците ќе кликнат.
Совет. Сите што се занимаваат со менаџирање на Google Adwords кампањи, најдобро е да почнат со одделни кампањи што се специфично наменети за мобилните корисници. Во сетинзите на оваа мобилна кампања ќе треба да го ограничите прикажувањето на кампањата само на Mobile devices with full browsers или Tablets with full browsers.

Со оглед на обемноста на оваа тема, овој пост се фокусира само на креирање на текстуални реклами за мобилни уреди.
Очекувајте наскоро пост за различни рекламни формати за интеракција со мобилните корисници.


