Сложувалка – иновативна Facebook апликација на Porsche Македонија

Од Никола Бојков - чет авг 18, 5:53 pm

Дали ви е потребна интересна занимација на Facebook?! Од денеска ќе можете да се вклучите во Facebook натпреварот за составување на сложувалки организиран од Porsche Mакедонија.

За да почнете со составување на сложувалките прочитајте ги правилата на овој натпревар и упатствата како да ги отклучите сите сложувалки.

Кликнете овде за да ги дознаете официјалните правила, а на сликата подолу е сумарниот преглед за начините на натпреварување и отклучување на нивоата со сложувалки:

Составни делови на апликацијата

  • 10 нивоа со различни сложувалки кои се отклучуваат со постигнување на специфичен број на поени.
  • Генерирање на таблица за секој натрпеварувач како уникатен код потребен за собирање на поени,
  • Гласање преку таб апликација, со запишување на таблицата на пријателот за кого сакате да гласате.

Вклучете се и вие во оваа интереактивна апликација и добијте интересни подароци од Porsche Македонија. Почнете со ниво 1 и поканете ги пријателите да ви помогнат во отклучување на наредните нивоа.

Oва е уште еден македонски пример по SEAT Club Facebook апликацијата, за вистински начин на анимирање на фановите на Facebook и професионално користење на Facebook мрежата за создавање на релевантна корисничка база.

 

Коментирај