CharityWater.org – помогни ми да ја остварам мојата роденденска желба
Од Катерина Стојановска - пет авг 19, 8:30 pm

Пред некој месец го открив проектот на CharityWater.org и најмногу се воодушевив од иницијативата и начинот на кој основачот за 2-3 години од луда роденденска идеjа создаде светска добротворна мрежа.
Целта е да се реализираат проекти за изградба на системи за вода во делови од светот каде сеуште луѓето се мачат и страадат поради недостиг на чиста вода за пиење.
До сега овој проект има обезбедено вода за пиење за 1,967,549 луѓе во 25 земји, со вкупна донација од $10,413,061.
Погледнете го видеото на основачот и се ќе ви стане јасно:
- Наместо да ви купуваат подароци за вашите родендени, венчавки или прослави поканете ги пријателите да донираат за добротворна кампања што вие ќе ја креирате.
- 100% од донациите на вашите пријатели ќе бидат искористени за развој на системи што ќе ги поврзат краевите од светот на кои секојдневно им е потребна чиста вода.
Денес, на мојот роденден се решив и јас да креирам проект со кој се надевам ќе ги натерам моите пријатели да ги чуваат подароците за наредна година и ќе ми се приклучат во реализацијата на мојата кампања.
Ова е линкот и темата на мојата кампања - I wish for clean water and 5 happy people! You can buy me the PlayStation next year!
Се надевам ќе го посетите CharityWater.org на денот на вашиот роденден и ќе ги мотивирате пријателите да ви подарат навистина вреден подарок.


