Унапредување на Google +1 копчето во inline приказ

Од Админ - вто авг 23, 4:40 pm

Слободно можеме да кажеме дека овој пат Google ја ископира функционалноста од Facebook копчето со цел да се креира приказ со листа на пријатели што веќе го кликнале +1 копчето.

Вака изгледа копчето во inline приказ.

Во моментов ова копче e унапредено да прикажува листа на Google plus аватарите на вашите пријатели што го кликнале копчето и препорачале одредена содржина.

Во принцип, сите го сакаме Google plus копчето, поради моќноста и ефектот  врз CTR –  стапката на клик и зголемената доверба кон вашата содржината и линкови.

Ако ви треба ново +1 копче, можете да го генерирате кодот од официјалната страна на Google +1 копчето.

од +Ben Parr

 

 

 

 

Коментирај