Lady Gaga ги бара правата за користење на домеинот ladygaga.org
Од Админ - вто авг 23, 11:49 am

Можеме слободно да кажеме дека Lady Gaga е најуспешната позната личност, во менаџирање на своите социјални профили и користење на веб присуството за градење на својот имиџ.
Според неофицијални информации, најново е што Lady Gaga или нејзината продукциска куќа, има поднесено жалба до National Arbitration Forum за добивање на сопственост врз домеинот ladygaga.org.

Не е ни чудна оваа нејзина реакција, посебно што се работи за .org домеин за невладини и непрофитни организиции, најмногу поради фактот дека Lady Gаga многу активно е ангажирана во добротворни проекти.
Претпоставуваме дека наскоро наместо фан клуб на Lady Gаga ќе добиеме .org вебсајт за нејзините непрофитни активности.
Профилите на Lady Gaga и бројот на нејзини фанови е единствен доказ за нејзиното моќно владеење со социјалните мрежи:
@LadyGaga: 12,886,773
Facebook: 42,755,023
Во продолжение, можете да го погледнете и најновиот видео спот на Lady Gaga за песната “You And I”


