Дали сакате да сте во врска со 999 девојки на Facebook?!
Од Админ - сре авг 24, 2:07 pm

Пред неколку месеци филијалата на Axe во Тунис, лансираше вирална апликација што ја стимулира полигамијата на Facebook. Апликацијата се вика Axe Multiple Girlfriends App и е идеја на компанијата Ogilvy Tunisia.
Навистина одлично решение за вирален маркетинг со користење на API можностите за креирање на иновативни Facebook апликации.
Функционално, апликацијата зема пермисии од вашиот relationship статус на Facebook и со оваа дозвола постира ист статус за вашата врска само со многу повеќе од 1 девојка.
Напишете го бројот на девојки (максимум 999) и кликнете Valider (валидирај) и ќе добиете нов статус:

Не можеме да ви го опишеме ефектот на оваа апликација, ќе треба сами да си ја испробате апликацијата


