[Comcast] Дали телевизијата ќе се социјализира?!
Од Катерина Стојановска - сре авг 31, 10:42 am

Дали имате брз интернет, а сепак гледате телевизија?
Mногу интересно прашање за дискусија. бидејќи голем број на наши познаци одамна го заборавија телевизорот и целосно се префрлија на гледање телевизија на своите компјутери. Ова е проблем и тоа голем, посебно за провајдерите на телeвизиски содржини.
Едно од решенијата за излез од традициналниот начин на гледање на телевизија е зголемување на телевизиската содржина и унапредување на искуството на корисниците.
Пример за компанија која ја согледа оваа потреба и најде решение за спас на гледањето телевизија преку телевизор, нели – е Comcast. Овој американски гигант во кабелската телевизија, e во сериозна фаза на интеграција на социјални алатки и зголемување на искуството на гледачите директно преку нивните телевизори. Навидум ригидна компанија, која често е критикувана за проблеми со техничката поддршка, ова лето дефинитивно направи ревелуционерни потези и сигурно стана една од најиновативните компании за зголемување на искуството на своите бројни корисници:
- Аквизиција на програминг компанија NBC Universal
- Партнерство со Skype
- Мобилни апликации за пристап до вашиот DVR т.е ресивер
- Интеграција на Facebook во своето EPG (програмски водич)
Дигитализацијата што оваа компанија ја планира за американските гледачи, е преку унапредување на својот телевизиски сервис xFinity, кој ќе им овозможи на гледачите да комуницираат не само со унапредениот DVR туку и да преземаат on-demand содржини од облак.
Нај интересна е интеграцијата со Facebook и можноста за споделување и откривање на најлајкувани содржини од пријателите. Да, дефинитивно социјалните мрежи ќе ги окупираат нашите телевизори, но секако и можностите на маркетерите таргетирано да не напаѓаат.
Второто по јакост
, е опцијата за HD повици преку Skype, преку телевизор!
На презентацијата на овој унапреден програмски водич, генералниот директор Brian L. Roberts спомна и интеграција со Hulu и слични сервиси за гледање онлајн телевизија, што реално покажува дека онлајн сервисите за стриминг ќе добијат посебна нега, а со тоа и сериозна конкуренција на провајдерите на телевизиски содржини.
Погледнете ја демонстрацијата на Brian L. Roberts и почекајте го крајот и преземањето на 23 епизоди од неговиот омилен сериски филм за 1минута и 39 секунди.


