iPhone 5 изгубен во текила бар – yeah right!

Од Никола Бојков - чет сеп 01, 10:32 am

Разбудете се! Го изгубија iPhone 5! Што ќе правиме сега?!

Наводно, синоќа еден од вработените во Apple заглавил во Cava22, текила бар во Сан Франциско и според информациите загубил вреден уред од Apple.

Нормално сите ќе си претпоставиме дека го изгубил новиот iPhone 5 и според CNET, најверојатно е продаден за $200 на Craiglist.com

Не дека не сме навикнати на овие финти на Apple и нивната голема експертиза во креирање на buzz месец-два пред официјалната продажба на своите производи.

Истата финта од лани и приказната како програмерот Robert Gray Powell изгубил прототип на iPhone 4 запивајќи се во пиво бар, а пред еден месец ги видовме и првите “случајно објавени” дизајни на iPhone 5.

Еве го и местото на злосторот:

Сите овие приказни на по-малку лудата ПР стратегија, ни најавуваат дека Apple дефинитивно ќе го лансира новиот iPhone 5 за многу брзо време.

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. Треба ли нешто ново да смислат за да се истакнат? Во секој случај едвај чекам да видам Ајфон 5 како ќе изгледа.

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај