Драма во TechCrunch.Зошто не треба да се продадете за “пари”?!
Од Катерина Стојановска - сре сеп 07, 11:23 am

Ако го читате ТechCrunch ќе забележите дека вчера се појавија неколку “вознемирувачки” текстови, од поранешниот сопственик Michael Arrington и дел од вработените. Во постот Editorial Independence, господинот Arrington, јавно раскинува со сегашниот сопственик AOL.
Во овој пост, тој јавно му се обраќа на шефот AOL и му сугерира избор од 2 опции, со цел да одлучи што ќе прави понатаму со својата сопствена компанија (акцент на сопствена):
- Да се направи автономија и оддвојување од содржините на Huffington Post
- Да го продадат TechCrunch на основачите
Во спротивно, тој ќе си оди!
Недостасува трета опција. На пример: Јас, Michael Arrington би сакал да го напуштам TеchCrunch и јавно да си кажам дека се зафркнав што го продадов на AOL и си ги земав 25-те милиончиња и дека ќе си се преселам со моите другарчиња на друг вебсајт.
Еве го и видеото од јавното потпишување на договорот за аквизиција:
За мене поинтересно е откритието на нов психолошки феномен – зараза предизвикана од моќта што овој профил на новинари ја имаат врз јавното мислење, што е можеби почеток на пронаоѓање на нов синдром на луѓе со ваква моќ. Очигледно е дека првите симптони на ваков тип на драма се: егото, моменталниот не-разум и амнезија за фактот кој е шеф и на кого сте се продале пред 11 месеци.
Да му дадете опции на шефот да избира што ќе прави со својот сопствен вебсајт, напишано на неговиот сопствен вебсајт – е од една страна храбро, а од друга страна непрофесионално и детински?! Ако овој тип направил фонд што ќе финасира старт-апи, не делува дека е до тој степен релевантен извор на знаење што ќе помогне во финасирање на нови компании ?!
И на крај, читателот е тој што одбира што ќе чита, каде ќе кликне и чија содржина сака да ја чита. Ако големите новинари и Michael Arrington се квалитетот што публиката сака да го чита (меѓу кои сум и јас), многу лесно ќе може да ја променат својата веб локација, без овој тип на драми, нели?!
На која страна сте вие?!
Оваа ситуација е одличен пример за учење на првата лекција во дефинирање на причините “Зошто вашата компанија треба да ја шитнете на некој голем, ригиден и политизиран”. Нормално, временски ПРЕД да го направите тоа.
Мој предлог за учење на оваа лекција, е следново интервју на (згодниот) Pete Cashmore и неговото одлично размислување зошто неговиот Mashable би имал потреба од финансирање:
Цитирам:
I think we can take investment but not solely for the money. The reason we will take investment is if the investor is someone who could add a lot of value. A lot of knowledge. Who could add some piece we do not have. Some experience in the space. Someone really experienced and knowledgeable. ..
Погледнете го целото интервју:



Дефинитивно размислување на место од Pete Cashmore, и “очевадно” се гледа кој е по лаком од двајцата, и тоа не само по изгледот
))