Facebook фан страната на Coca Cola “прозборе” на македонски јазик
Од Катерина Стојановска - сре сеп 14, 5:10 pm
Како што можете да прочитате од насловот - Coca Cola фан страната на Facebook прозборе на македонски јазик и ги поздрави фановите од Македонија, посакувајќи им успех на нашите кошаркари во престојниот натпревар со Литванија.
Ова е одличен потег на оваа компанија, посебно во анимирање на фановите од специфично, таргетирана група.
Се надевам, не помисливте дека овој пост го видоа сите 34 милиони Facebook фанови на Coca Cola ?!
Со цел територијално таргетирање на специфична група на фанови, Coca Cola користи едноставна опција за постирање на статуси видливи само за специфична територија. Видете подолу како се прави тоа:

Статистика за фан страната на Coca Cola
Огромната популарност на Coca Cola , можете да ја проверите и со преглед на најбитните статистички показатели за интерактивност со својата фан база.
34,173,765 Фанови

Популарноста на постовите лесно ќе ја воочите ако само погледнете колку многу коментари и лајкови имаат топ 3-те постови, постирани на оваа фан страна.
| Статус | Коментари | Лајкови | Формат |
|
31.08.2011 11:45 |
2699 | 22918 | Слика |
|
15.08.2011 09:28 |
1400 | 18948 | Текст |
|
05.09.2011 13:33 |
2515 | 17558 | Текст |


