Facebook го возвраќа ударот со нов изглед
Од Админ - сре сеп 21, 9:51 am

Промените во изгледот и интерфејост на Facebook што до неодамна беа тестирани, сега се рефлектирани за сите корисници на Facebook и од денес ќе можете да уживате во поголема функционалност и едноставност во навигацијата и користењето на вашиот Facebook профил.


- 1. Споделените слики на ѕид добија поголеми димензии за подобар преглед (слично како и кај Google+)
- 2. Тикер – Движечки десен панел, при scroll прелистување на вашиот Newsfeed. Овој панел ги содржи последните статуси на вашите пријатели.
- 3.Спојување на Top Stories и Recent Stories во еден единствен Newsfeed.
- 4. Top Story- Најдобрите статуси асоцирани со вашиот профил, се дефинираат како Top Story со син агол како индикатор. Дополнително, ќе можете да користите опции за обележување на топ статуси или отстранување на статуси што Facebook ги класифицира како топ стории, но според вас не сакате да ги читате во вашиот најударен дел од Newsfeed-от.


