Google Analytics со нови фукнционалности – Right now статистика
Од Никола Бојков - пет сеп 30, 12:46 pm

Претопоставувам дека веќе сте запознаени со Google Analytics и активно го користите за следење на посетите на Вашиот веб сајт.
Analytics-от имам мал милион можности за следење и креирање на извештаи, но до сега недостасуваше нешто што за многумина SEO аналитичари е доста важно. Тоа е можноста за следење што се случува на вашиот сајт, токму сега во овој момент.
До сега моравме да чекаме и до 24 часа за да ги добиеме извештаите и резулатите, и тоа претставуваше проблем кога во тек имате кампања, а сакате да ги дознаете нејзините ефекти веднаш и навремено да преземете акции за корекција – да го зголемите буџетот за кампањата и слично.
Од сега со Google Analytics ќе можете да следите што реално се случува на Вашиот сајт, во реално време.
Доколку сакате да ги видите ефектите од објава на Вашата Facebook страница или Вашиот твит, или испратените поркаи преку е-пошта, ќе имате можност да ги добиете потребните информации, и да донесете побрзи и подобри одлуки.
Оваа нова фукнционалност ќе биде од големо значење за следење на тековните кампањи, и претпоставувам дека многумина ќе ја следат буквално на секои 5 минути, љубопитни да дознаат што се случува на нивниот вебсајт
Google стартува со делумна имплементација на оваа функционалност, така доколку сеуште ја немате во Вашиот Google Analytics, можете да се пријавите овде за побрзо да ја добиете!



