Иднината на електронската трговија: f-commerce, m-commerce и socialcommerce

Од Катерина Стојановска - пон окт 03, 11:29 am

Иднината на електронската трговија: f-commerce, m-commerce и socialcommerce
Во прилог на оваа тема и нејзино по-илустративно објаснување, е интервјуто со главниот извршен директор на eBay, John Donahoe направено од Robert Scoble, кој успеа да извлече информации корисни за разбирањето на иднината во тргувањето на Интернет.

Решив да ви го споделам ова интервју, како мотив да почнете со размислување како ќе реагирате на брзите промени во навиките на Вашите купувачи и акциите што треба да ги преземете во унапредување на Вашето онлајн присуство.

3-те главни насоки што треба да ги земете во предвид во развојот на електронската трговија се следниве :

  • Интеграција на постоечките веб продавници со мобилни апликации
  • SocialCommerce – групно купување
  • Преселба на купувањето во рамките на социјалните мрежи – f-commerce најнов канал за онлајн продажба

За да не убеди во моќта на мобилното купување, директорот на eBay споделува неверојатни резултати за ефектот на нивните мобилни апликации врз обемот на тргување на eBay:

  • eBay iPhone  апликацијата е преземена 50 милиони пати во рок од 3 години
  • 5 милијарди долари ќе бидат  разменети преку телефон до крајот на 2011
  • 2600 коли се продаваат преку телефон, на неделно ниво

Во насока на SocialCommerce и f-commerce, eBay целосно е навлечен кон интеграција со Facebook. За да ја оствари оваа цел, eBay си ја купи компанијата GiftsProject која има одличен бизнис модел за групно купување на подароци, што истовремено нуди опции за интеграција со Facebook.

facebook продавница

Ако размислувате за која наредна апликација да ја направите, можеби е време да креирате e-commerce оперативна платформа за мобилни апликации или ipad интеграции со веб продавници. Можете да се префрлите и на Facebook со интеграција на вашата продавница во оваа социјална платформа.

 

 

Коментирај