Како да се подготвите за наградна игра на Facebook?

Од Никола Бојков - пет окт 14, 10:59 am

Како да се подготвите за наградна игра на Facebook?

Нема да ве убедуваме зошто да почнете со професионално присуство на Facebook, туку ќе ви пренесеме искуство како тоа да го направите.

Во овој пост ќе прочитате за начините како да почнете со Facebook наградна игра или натпревар, активност што со сигурност ќе ви помогне да ги анимирате вашите фанови, но и да привлечете нови потенцијални до лојални купувачи.

Која е вашата цел со Facebook натпреварот?

На почеток, треба да ви биде јасно дека не смеете да си дозволите нeпромислена постапка и да почнете со натпревар само затоа што сите го прават тоа.

Размислете и внимавајте на дозволените акции. Facebook е платформа која со сигурност ќе ви ги ограничи вашите мегаломански маркетинг трикови и ве молиме почитувајте ги, бидејќи постојат големи можности да бидете избркани од оваа социјална мрежа.

Подолу се неколку цели, кои вие би сакале да ги постигнете со организирање на натпревар или наградна игра на Facebook.

  • Раст на бројот на фанови – ако сакате да го зголемите бројот на фанови и да привлечете нови, верувајте дека повеќе сакате релевантни фанови што се заинтересирани за вашите услуги и производи. Не ви е идејата да инфилтрирате фанови кои само како голем број ќе ви бидат база за фалење на вашата успешност. На крај може да се случи, да стигнете до над 100 000 фанови, да потрошите пари и да завршите со целосно работно време во бришење на СПАМ пораки од вашиот ѕид.
  • Дружење на долг рок. Користете ги натпреварите да соберете релеватни е-маил адреси или заинтересирани купувачи што ќе се зачленат во вашиот е-магазин или ќе остават податоци корисни за вашите идни маркетинг и продажни планови. Одлична основа за да го скратите патот на вашите клиенти до потребните информации за нови производи и услуги.
  • Основа за истражување- Натпреварите се одлична алатка за да го разберете однесувањето на вашите идни фанови и клиенти. Завнисно од апликацијата која ќе ја корисните за натпреварот, ќе можете да анализирате од каде дошле, и на кој начин се заинтересирале за вашата Facebook страна. Можете да вклучите прашалник пред влезот во натпреварот од кој ќе соберете интересни одговори за однесувањето на вашите фанови.
  • Добра волја - Тактика за компании кои имаат проблем во грижата на своите корисници. Користете наградни игри за да ја подобрите перцепцијата кај вашите клиенти.

Колку долго треба да трае натпреварот?

Откако ќе одлучите што сакате да постигнете со натпреварот на Facebook, треба да одлучите и колку долго треба да трае вашиот натпревар. Ако се одлучите за долг натпревар, ќе ја искористите можноста да привлечете повеќе фанови, но и ќе ја испуштите смислата за ургентност и buzz што би ја добиле со пократок период за натпреварот. Во секој случај најоптимален период за вашиот натпревар би бил од 2 до 6 недели.

Која награда треба да ја добие победникот?

Следна е одлуката за главната награда што треба да му ја доделите на победникот. Ако доделите навистина вредна награда, ефектот може да биде целосно погрешен. Ќе привлечете огромен број на фанови, кои ќе се вклучат само за да ја добијат наградата без дури и да знаат со што се занимава вашата компанија.

Затоа, најдобро е да доделите награди кои се доволно атрактивни за вашиот профил на сегашни и идни корисници.

Како ќе го реализирате натпреварот на Facebook?

Главниот момент во вашата наградна игра на Facebook е начинот на реализација. Зопомнете, основните правила на Facebook не дозволуваат користење на Like копчето како основа за генерирање поени и одлучување на победникот. Без разлика што во Македонија овој начин на собирање на фанови е еден од најпопуларните, треба да знаете дека доколку било кој корисник Ве пријави, ризикувате Вашата Facebook страна да биде избришана и да изгубите се во кое имате вложено. Еве извадок од правилата:

- You must not condition registration or entry upon the user taking any action using any Facebook features or functionality other than liking a Page, checking in to a Place, or connecting to your app. For example, you must not condition registration or entry upon the user liking a Wall post, or commenting or uploading a photo on a Wall.
-You must not use Facebook features or functionality, such as the Like button, as a voting mechanism for a promotion.
-You must not notify winners through Facebook, such as through Facebook messages, chat, or posts on profiles (timelines) or Pages.

E сега, ако не можете да го користите Like копчето, ќе треба да си ангажирате агенција која се занимава со изградба на апликации интегрирани со Facebook, и да Ви изработи апликација за Вашата наградна игра. Еве неколку примери за такви апликации :

Правила и услови.

Според правилата на Facebook, секој натпревар мора да има правила и услови како фановите да се вклучат и кои се ограничувањата при некоректно учество во натпреварот. Запомнете дека според законите во Македонија, секоја наградна игра мора да биде пријавена во министерството за финансии, но сепак можете да организирате натпревари кои не се категоризирани како наградни игри. Еве добар пример за правила на наградни игри

Како ќе го рекламирате натпреварот?

За жал по креирање на натпреварот, не можете туку така да очекувате дека ќе ви дојдат фанови во наградната игра. Ќе мора да смислите и како ќе го изрекламирате натпреварот. Оптимизирајте ги вашите постови согласно со натпреварот и не претерувајте премногу во објавата на информации за натпреварот, бидејќи можеби дел од вашите сегашни фанови не се заинтересирани за овој натпревар, но ги интересираат информации за вашите производи и услуги.

Се надеваме дека овој пост ќе ви помогне во професионално менаџирање на вашето Facebook присуство, а ако имате искуство споделете го со ваши коментари.

Коментирај