Virgin Galactic го отвори вселенското пристаниште и веќе генерира приход
Од Админ - вто окт 18, 4:56 pm

Richard Branson официјално го отвори првотo вселенско пристаниште во Ново Мексико, со име Spaceport America.
Очигледно овој бизнис модел почнува да генерира приходи. Компанија Virgin Galactic веќе има продадено 430 карти за вселенско патување, со вкупна вредност од околу £54.6 милиони.
Билетите чинат 200 000 долари, со депозит од 20 000 долари. Ако сакате да си резервирате место еве го линкот за веб регистрација.
И покрај тоа што вселенското пристаниште е отворено, првите летови се очекуваат кон крајот на 2012 до кога ќе бидат завршени и последните тестови за негово безбедно функционирање.
Погледнете го видеото за да добиете претстава како изгледа ова вселенско пристаниште.


