Нов дизајн на Gmail
Од Админ - пет окт 21, 9:41 am

По одличната надградба на Google Docs, најновото унапредување на платформата на Google, е изгледот и функционалноста на Gmail.
Новиот изглед веќе беше претставен како тема што корисниците ја аплицираа согласно со изгледот на Google +. Но, новата надградба освен визуелно подобрување содржи:
- Унапредено пребарување на историјата во вашето сандаче – што дефинитивно недостасуваше
- Полесен преглед на маиловите како разговор со профил слики од пријателите со кои се допишувате
- Персонализирање на големината и распоредот на деловите од интерфејсот
Во случајно објавеното видео на Youtube, ќе можете да видите дека Google е целосно насочен кон освојување на своите корисници кон по-социјално користење на своите комуникации преку E-mail.
Сеуште нема официјална најава за промени кои ќе бидат дозволени за пристап до бизнис сметките на Google Apps, но сепак со нетрапение го очекуваме пристапот што овие сметки наскоро ќе го добијат до Google +.


