Google со нови динамични реклами
Од Катерина Стојановска - сре окт 26, 8:19 am
Google конечно најде решение за автоматизирање на менаџментот на рекламите и веќе им овозможи на огласувачите да ги синхронизираат своите реклами со динамичната содржина на своите вебсајтови.
Така,Dynamic Search Ads се целосно наменети за привлекување на релавантен сообраќај, со рекламни содржини ажурирани согласно со ажурирањето на веб содржините до кои директираат.
Овие реклами се посебно корисни за вебсајтови, чии сопственици пласираат производи кои се во ограничени количини, со што го намалува времето во постојано ажурирање на рекламите согласно со достапноста на производите објавени на нивниот вебсајт.
Динамичните реклами функционираат при релеватно пребарување на клучни фрази што се согласни со содржини ажурирани на вашиот вебсајт. Така, при секое пребарување на конкретна фраза (која е добро оптимизирана на вашиот вебсајт), рекламите ќе генерираат наслов, текст и линк од вашиот вебсајт со најкомпатибилна содржина која најмногу соодветствува на пребаруваната клучна фраза.
Со овие реклаи, ќе можете да изберете да го таргетирате целиот вебсајт, одредени страни или категории, страни со специфичен URL стринг, страни кои содржат одредени клучни зборови и сл. Секако може да се користат и овие опции за негативно таргетирање, или исклучување на конкретни зборови и вебстрани од појавување во динамичните реклами.
Според Google, компаниите што веќе го испробале овој начин на рекламирање, постигнале 5-10% зголемување на бројот на кликови и многу задоволително ниво на конверзиии.
Доколку сакате да ја активирате оваа можност, Google во моментов ќе ви побара
- Најмалку 50 вебстрани со уникатни производи или содржини кои сакате да ги промовирате
- Системот за конверзии да е компатибилен со динамичните реклами (да имате поставено код за мерење на конверзии преземен од конзолата на Google Adwords.)
- Вашата Google Adwords сметка не е My Client Center сметка
Доколку ги исполнувате овие предуслови можете да влезете во процесот на бета тестирање со внесување Adwords ID и вебсајт домени, на овој линк.


