Новиот Facebook newsfeed ги зголемува интеракциите на фан страните
Од Никола Бојков - пон окт 31, 12:41 pm

По еден месец од објавувањето на новиот Newsfeed на Facebook и уште неколку промени во изгледот и начинот на прикажување на новости и интеракции, сервисот EdgeRank Checker направи анализа на повеќе од 600 бренд страни на Facebook со цел да го дефинира ефектот пред и по воведување на новиот Newsfeed.
Ефектот на Facebook интеракција, всушност се однесува на бројот на лајкови и коментари на статусите и постовите на една Facebook бренд страна.
Овој сервис или тракер на нивото на инволвираност на Facebook фановите, потврди податоци дека фан страни со над 100 000 фанови достигнале 27.8% зголемување на лајковите и коментарите како резултат на новиот променет Newsfeed. Фан страните со 10 000 до 100 000 фанови имаат придобивка од 8.76% зголемување на лајковите и коментарите.

Заклучоците од оваа анализа за ефектот на новиот изглед на facebook врз фан страните се следниве
- Бројот на посети на фан страните е намален за 22%
- Бројот на лајкови е зголемен за 16%
- Бројот на коментари е зголемен за 14%
Според мое мислење, а се надевам и вие ќе се согласите, бројот на интеракции преку лајкови и коментари е дефинитивно целта која сакате да ја постигнете, наспроти бројот на фанови или прегледи на вашата фан страна. Погледнете ја споредбата помеќу инволвираност наспроти прегледи, како резултат на новиот Newsfeed:

Ве советуваме индивидуално да си направите анализа на ефектот на пред и по воведување на новиот изглед на Newsfeed-от и тикерот на Facebook. Дали забележувате зголемување на бројот на лајкови и коментари?
Споделете го вашето искуство.



Дефинитивно бројот на посети е намален…