Google+ конечно ги лансираше бренд страните
Од Админ - пон ное 07, 8:02 pm

По неколку месеци од лансирањето на Google+, официјално се овозможени + профили за бизниси и нивни брендирани бренд страни.
За почеток, избегнати се сите нејаснотии за типот на профилите, што значи дека Google овозможува секој Gmail корисник да може да си креира своја бренд страна.
Најинтересните новитети поврзани со бренд страните се следниве:
- Direct Connect: - Во согласност со бренд страните, Google планира да објави команда за пребарување која ќе има формат +бренд, што ќе побара од корисникот директно да го вклучи овој бренд профил во својот круг. Оваа опција ќе значи целосна промена во начинот на кој до сега ни беше познат пребарувачот Google.
- Page Analytics - Статистики за Google+ страните и активноста на +1 копчето ќе бидат овозможени како статистика за сите бренд страни, бројот на коментари, споделувања, демографија на корисниците вклучени на страната и сл.
- Google + беџ: Новитет за компаниите е можноста да си креираат беџ за својата Google+ бренд страна со помош на алатката за конфигурација на Google+ беџ
- Circles, hangouts: И овие опции се достапни за бренд страните, како опции за повикување на корисниците во видео разговори и нормално селектирање на следбениците во кругови според нивните интереси.
- Поврзување со AdWords кампањи: Во наредниот период е најавена опција за поврзување на бренд страните со кампањите креирани со помош на Google Adwords.
Ќе забележите дека нема кој знае какви промени во изгледот на бренд страните во споредба со регуларните профили. Еве како изгледа бренд страната на FC Barcelona:

По овој иницијален изглед, очигледно е дека Google нема да креира директен стрим за рекламирање на самите + страни. Некако изгледа дека рекламирањето ќе се одвива во самиот дел за пребарување кој ќе биде надополнет со Direct Connect опцијата. Во насока на ширење на +1 копчето, е и официјалната информација дека препораките од корисници што го кликнале ова копче со сигурност ќе влијае на релевантноста на резултатите при пребарување.
Поврзано со проблемот со корисници, ова е уште една идеа за привлекување на мали компании кои да речеме сеуште немаат вебсајтови или не се толку активни. На овој начин, со бренд страните малите компании ќе можат да си ги користат како позиција – вебстрана за нивниот бизнис.


