[Facebook апликација] Колку е големо твоето срце?!
Од Катерина Стојановска - вто ное 08, 8:13 am

Cо стартот на новата хуманитрана акција на McDonald’s Македонија – McHappy Day, ќе можете да се вклучите во акцијата за зголемување на срцето поставено на Facebook страната на McDonald’s – МојотРесторан!
Апликацијата ‘Колку е големо твоето срце?’ во својата основа има анимирано срце, кое расте врз основа на бројот на лајкови. Тоа значи дека со секој нов Лајк, срцето се зголемува за неколку пиксели, односно колку повеќе лајкови толку поголемо ќе биде срцето, со веќе позната опција за постирање на статус со кој корисниците ги повикуваат своите пријатели да се приклучат во акцијата.

Целта на оваа апликација е да се анимираат Facebook пријателите на McDonald’s и да ги запознаат нивните пријатели со хуманитарната акција и можноста за донирање во сите ресторани на McDonald’s, средства кои подоцна McDonald’s заедно со 10 денари од продажбата на секој Big Mac оброк и Happy Meal оброк од 10 до 20 ноември, ќе бидат донирани за дечињата од СОС дестското село Македонија.
Дали и Вие кликнавте ‘лајк’?! Доколку не, побрзајте и покажете ја Вашата поддршка за хуманитарната акција.Колку е големо твоето срце?


