LaunchRock излезе од бета. Креирајте си интерактивна “under construction” страна
Од Катерина Стојановска - нед ное 13, 8:32 pm

Можеби веќе сте го посетиле LaunchRock.com кој во изминатиов период беше во приватна бета фаза, достапен само за посебна корисничка група со оглед на потребите за тестирање на неговата функционалност
LaunchRock е бесплатен сервис за креирање на вирална и интерактивна лендинг страна (under construction) со опции за;
- Поставување на e-mail генератор со кој ќе присоберете верна публика за информирање
- Социјални алатки за споделување на вашиот сeрвис или вебсајт кој наскоро ќе го објавите
- билдер за лесно креирање на Web 2.0 дизајн
- Поставување на Google analytics
Според инфографикот презентриран од LaunchRock во период од 10 месеци само на нивната официјална лендинг страна се регистрирале вкупно 1.5 милиони корисници.
Во овој извештај ќе забележите дека компанијата Vizualize.me успеала да генерира 210 000 регистрации за само 4 месеци од кои 33% биле директни посетители на нивиот вебсајт, а 67% дошле како референци споделени со помош на социјалните плагинзи.
Подолу е целосниот инфографик за успешноста и ефектот што овој сервис го озвоможил до сега за своите корисници:



