Linkedin се појача со нови статистики за групи

Од Никола Бојков - вто ное 15, 10:15 am


Возбудливо, Linkedin успеа да создаде навистина релевантен преглед на статистики по корисници-членови на конкретна Linkedin група.

Причината за големата возбуда поврзана со оваа нова опција е можноста за увид во податоци и статистики релевантни за професионалниот профил на корисниците. Така, статистики за корисници по функција и индустрија се најголемата предност на оваа мрежа во споредба со останатите, заедно со опцијата да постирате статуси од профилот на компанијата

Овие статистики неможe да ги генерира ниту една друга мрежа, што е всушност и основа за предност на Linkedin како релевантен извор на професионални информации. Се надеваме дека наскоро дел од овие oпции ќе бидат достапни и при креирање на реклами на Linekdin

Ние менаџираме две Linkedin групи, па ајде да ги погледнеме статистиките за демографскиот профил на членовите.
Internet Marketing Macedonia Linkedin

Во групата Internet Marketing Macedonia, 15% од вкупниот број на членови имаат функција во рамките на Маркетинг департманите на компаниите. Од друга страна пак, 16% од членовите на eBusiness Macedonia се со позиција или функција поврзана со информациони технологии и сервиси.

Опцијата за статистики е јавна и реално секој може да ја види. Всушност, страната со статистики е еден вид на влезен панел, чија цел е да ги примами потенцијалните членови да добијат увид за структурата на членови во рамките на групата, пред да побара да се приклучи.

Е-Business Macedonia Linkedin

Дополнително, во статистиките за Linekdin групите, ќе можете да најдете податоци за:

  • Активност на членовите – број коментари, број на постирани промоции, дискусии и огласи за работа
  • Раст- зголемувањето на членовите во рамките на групата низ целиот период на постоење

Коментирај