Oprah станува главен “гик” за веб комуникација

Од Катерина Стојановска - сре ное 16, 10:16 am

Oprah станува главен
По завршувањето на познатото Oprah шоу, госпоѓата Winfrey сериозно се внесе во користење на социјалните медиуми како стратегија за нејзино силно веб присуство, со цел следење (креирање) на новитетите и начините на кои публиката конзумира информации.

Нормално, пред да навлезе во овој нов начин на интеракција со својата публика, направи собиранка со нејзината другарка од Facebook, Sheryl Sandberg и уште неколку другарчиња како Dick Costolo (СЕО-то на Twitter,) и Jeff Weiner (СЕО-то на LinkedIn) за да и помогнат во креирање на стратегијата на нејзиното веб присуство.

Тригерот за ваков профи влез во социјално вмрежување, е падот на посетеност на нејзиниот вебсајт – од 5 на 2.4 милиони посетители на месечно ниво .

Резултатите од помошта што Oprah си ја доби од своите другарчиња се следниве:

  • Oprah.com – ќе забележите дека одредени содржини на нејзиниот вебсајт се пишувани од експерти со познавање на веб и технологија, кои се насочени кон пласирање на корисни совети за користење на  социјалните медиуми и нивното влијание. Интересен концепт за едукација на нејзината примарна публика од “жени домакинки” :)
  • Чет во живо на Facebook – Максимално искористување на Oprah Facebook страната со опции за директна, видео комуникациија со нејзините 6 442 128 фанови
  • @Oprah Twitter – Ако сте еден од 8 203 272 “следачи” на нејзиниот профил на Twitter ќе забележите дека секој твит има лична содржина и сериозно делува дека таа сама си го менаџира својот профил и блиската комуникација со публиката. Личното присуство на оваа мрежа ја прикажува со објавување на слики или видеа од нејзина канцеларија, кујна,  и споделување совети од нејзиното лично искуство. На некој начин нејзинотото присуство има големо влијание во преминот во mainstream сервис, дури и нема да биде чудно ако и нашите мајки си отворат Twitter профил.

И на крај, Oprah направи одличен потег во промовирање на влезот во гиковскиот сегмент. Се појави на Facebook Live во интервју со COO-то Sheryl Sandberg и нормално дружба со гиковите од Facebook.

Гледајте, добро е!

Watch live streaming video from facebookguests at livestream.com

Заборавив да ви пишам дека мора да и станете фанови на Oprah, со оглед на нејзиното искуство во изненадување на публиката со скапи подароци. Примерот е со Pontiac G6 – 276 парчиња, кои ги подари на цела публика.

Коментирај